fbpx

Заврши анкетата за паркирање во Карпош 1, нема најава за изградба на нови паркинзи

-

Анкетирањето на граѓаните од населбите Карпош 1 и 2 за нивниот став за воведување на зонското паркирање трае веќе една недела. Во Карпош 1 заврши анкетирањето и податоци за ставот на жителите беа собрани од околу 1.500 домаќинства.

Од Општина Карпош за „Мета.мк“ велат дека од денеска започнува анкетирањето на граѓаните од Карпош 2 и истото ќе трае на терен додека не се анкетираат сите жители од населбата. Резултатите од анкетата ќе бидат познати по целосното собирање на податоците од двете населби.

Општинските власти велат дека анкетите се спроведуваат по претходна петиција на граѓаните од двете скопски населби. Доколку граѓаните се согласат за воведување на зонско паркирање, тогаш тие како сопственици на домаќинства ќе имаат право на користење на максимум 3 паркинг места бесплатно, додека останатите граѓани што ќе сакаат да паркираат во Карпош 1 и 2 би плаќале 25 денари од час. Зонското паркирање во двете населби би било спроведено од ЈП „Градски паркинг“.

Општина Карпош во моментов ги разгледува сите опции за решавање на проблемот за паркирање на жителите, но наскоро не планираат да инвестираат во изградба на нови монтажни гаражи. Велат дека тоа е поради моменталната финансиска ситуација. Исто така, немаат ниту план за рушење на постојните стари гаражи во населбите Карпош 1 и 2, како би се создале услови за зголемување на бројот на паркинг места. Ова практично би значело дека со воведување на зонското паркирање во блиско време нема да се зголеми бројот на места за паркирање во двете населби.

Жителите од Карпош 1 и 2 во моментов имаат огромни проблеми со недостигот на места за паркирање. Поради воведениот платен паркинг на територијата на општина Центар, голем дел од посетителите на Дебар Маало, Зоолошката градина и комплексот технички факултети ги зафаќаат местата за паркирање на жителите од населбата.

Проблемот е уште посериозен бидејќи во двете населби има десетици стари и расипани возила што седат паркирани на паркинзите, иако никој не ги користи. Недостиг на паркинг места постои и поради однесувањето на дел од жителите на двете населби, кои постојните стари гаражи не ги користат за паркирање на своите возила, туку ги издаваат за кирија на други лица за разни потреби или ги употребуваат гаражите како остава за разни непотребни апарати од нивните станови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...