fbpx

Најмалку 19 лица загинаа откако Русија нападна воена церемонија за доделување медали во Украина

Украинскиот министер за одбрана веднаш отвори истрага за воените офицери, кои организирале церемонија на доделување медали во село лоцирано во близина на фронтот

-

Русија изврши ракетен напад врз воена церемонија на доделување медали на украински војници во регионот Запорижја, при што најмалку 19 војници загинаа, јавува Укринформ. Украинското раководство веднаш најави истрага за случајот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот напад врз церемонијата е „трагедија која можела да се избегне“.

Украинскиот министер за одбрана веднаш отвори истрага за воените офицери, кои организирале церемонија на доделување медали во село лоцирано во близина на фронтот.

Гардијан јавува дека украинското признавање на рускиот напад и бројот на загинатите се еден од најсмртоносните напади кога станува збор за гаѓање на поединечни воени цели. Медиумите јавуваат за десетици повредени лица на самата церемонија.

Зеленски напиша дека секој војник што се наоѓа во воена зона знае како треба да се однесува на отворено за да ја осигура својата безбедност. Сепак, украинските власти ќе истражат како во петокот било дозволено да се одржи церемонијата, при што обвинителни акти се возможни и за некои воени официјални лица.

Медиумите засега шпекулираат како се одвивало откривањето на целта од страна на Русија. Една од можностите е руските дронови да го забележале собирот, но исто така и колаборационисти на Русија би можело да бидат обвинети дека ги испратиле информации за настанот.

Гардијан пишува дека масакрот од петокот предизвикал жестоки критики меѓу Украинците на социјалните мрежи за планирањето настани во близина на линијата на фронот. Украинските власти објавија тридневна жалост во регионот Запорижја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...