fbpx

Од исходот на постапката за моја одговорност ќе зависи иднината на судството, порача претседателката на Врховниот суд

Одлука за понатамошната кариера на Адеми не беше донесена денеска, туку во рок од три дена треба да се подготви извештај кој ќе биде доставен до сите членови на Судскиот совет. Потоа ќе биде одлучено дали ќе биде побарана одговорност или пак ќе биде запрена постапката

-

Исходот на оваа постапка ќе ја одреди иднината на македонското судство. Со вакви зборови денеска пред дисциплинската комисија на Судскиот совет настапи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која на последниот работен ден од оваа година образложуваше зошто не треба да биде разрешена од функцијата.

Случајот со Беса Адеми веќе подолг период ја бранува јавноста, со оглед на тоа што станува збор за преседан и случај кој дополнително ги отвори прашањата за ионака расклатениот интегритет на Судскиот совет.

Презентацијата на аргументите и доказите на Судскиот совет и на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми траеја три часа. Претседател на дисциплинската комисија која ја разгледуваше иницијативата беше Мирсад Сурои, а членови Мери Радеска и Селим Адеми. Одлука за понатамошната кариера на Адеми не беше донесена, туку во рок од три дена треба да се подготви извештај, кој ќе биде доставен до сите членови на советот, а потоа ќе биде одлучено дали ќе биде побарана одговорност или пак ќе биде запрена постапката.

Иницијативата за разрешување на претседателката на Врховниот суд ја покрена членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа, а по нејзиното интервју за порталот СДК.мк. Во интервјуто, Адеми отворено говореше за политички притисоци врз институцијата на која таа е прв човек со цел оживување на „амнестијата“ на претседателот Ѓорѓе Иванов и политичките математики за спас на експремиерот во бегство, Никола Груевски. Таа посочи и дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

Другиот „аргумент“ на кој се засноваше иницијативата за разрешување на Адеми беше отсуството на Адеми од седници на Судскиот совет. Инаку, претседателката на Врховниот суд, како и министерот за правда се единствените двајца кои по функција членуваат во Судскиот совет и немаат право на глас при одлучувањето.

Иницијативата за разрешување, се вели, се базира на тоа што претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, со неприсуството на седниците на Судскиот совет, покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамките на правосудниот систем.

Подносителот на претставката Миљазим Мустафа, кажа дека согласно Кривичниот закон, имало и можна кривична одговорност казнива со затвор, односно дека „наводите за притисоци биле попречување на правдата“.

Според адвокатката на Афеми, Павлина Зефиќ-Јакимовска, несериозно е обвинувањето дека Судскиот совет бил нефункционален без присуството на Адеми, бидејќи без неа се расправало и се носеле одлуки, а таа и министерот за правда се членови без право на одлучување.

Адеми во своја корист ги наведе и позитивните извештаи за работата на Врховен суд, извештаите на Стејт департментот за 2022 година, Европската комисија во последните две години како и извештајот на Оценската комисија на ЕУ, каде за институцијата се давани позитивни оценки за работата.

„Втората точка е попроблематична бидејќи сметаме дека главната причина за поднесувањето на барањето за одговорност се најзините написи во медиумите за притисоци во судството. Не би сакале да веруваме дека тоа е главната причина, но го проблематизираме од аспект на повреда на слободата на изразување“, изјави адвокатката Павиќ Јакимовска.

Одбраната на Адеми посочува дека Судски совет треба да пружи отпор кон притисоците од разни центри на моќ, барајќи да ѝ даде поддршка и да застане во нејзина одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...