Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти ЈП ПОЦ.
На 1 јануари паркирањето ќе биде бесплатно за сите корисници, а редовната наплата ќе продолжи на 2 јануари, вторник, со вообичаено работно време. Тогаш и дирекцијата на претпријатието ќе продолжи со работа.
За време на Божиќните празници, односно на 6,7 и 8 јануари (сабота – понеделник), исто така сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата на паркирање ќе продолжи на 9 јануари, вторник, со редовно работно време.
Депото на Пајак службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.