fbpx

Кривична пријава за нелегалната наплата на паркинг кај поликлиниката Бит-пазар

По неколкумесечните пишувања на Порталб.мк за узурпираниот паркинг позади поликлиниката Бит-пазар, институциите конечно се одлучија да излезат на терен и да проверат кој наплатува незаконски за паркирање на оваа локација

-

По неколкумесечните пишувања на Порталб.мк за узурпираниот паркинг позади поликлиниката Бит-пазар, институциите конечно се одлучија да излезат на терен и да проверат кој наплатува незаконски за паркирање на оваа локација.

„Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по чл.225 и кривично дело „бесправно градење“ од чл.244-а од КЗ. На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Порталб.мк пред само неколку дена повторно ја актуелизираше темата за узурпираниот паркинг, и тоа по пет месеци откако обвинителството отвори предмет, но истиот до денешен ден е во предистражна фаза, а во меѓувреме узурпаторите продолжуваат незаконски да наплаќаат за паркинг услуга од граѓаните.

Предметот за узурпираниот паркинг кај „Бит Пазар“ пет месеци е во предистражна фаза

Инаку, истражувањето на Порталб.мк докажа дека земјиштето позади поликлиниката „Бит Пазар“ е државно и истото незаконски се користи како паркинг со наплата. Институциите меѓусебно се обвинуваа за тоа кој треба да постапи, иако земјиштето се наоѓа на територијата на Општина Чаир и според децентрализацијата, таа е и надлежна да постапи.

Како што пишуваше Порталб.мк, на узурпираниот паркинг се наплатува 50 денари за еден час, односно 100 денари за цел ден, а според проверките на Порталб.мк, за наплатената услуга не се издава фискална сметка. Овие импровизирани паркинзи се наоѓаат на земјиштето на поликлиниката и за нив поликлиниката нема издадено никаква дозвола за користење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...