fbpx

Предметот за узурпираниот паркинг кај „Бит Пазар“ пет месеци е во предистражна фаза

Од Обвинителството информираат дека предметот е во фаза на предистражна постапка, во рамките на која издадени се барања за доставување податоци до Државниот пазарен инспекторат и други надлежни институции

-

Пет месеци по отворањето на предметот за узурпираниот простор зад Поликлиниката „Бит Пазар“, кој незаконски се користи како паркинг со наплата, предметот сè уште е во предистражна фаза, а во меѓувреме узурпаторите продолжуваат незаконски да земаат пари од граѓаните, пишува Порталб.мк.

Од Обвинителството информираат дека предметот е во фаза на предистражна постапка, во рамките на која издадени се барања за доставување податоци до Државниот пазарен инспекторат и други надлежни институции.

„Пазарниот инспекторат извршил инспекциски надзор на локацијата, а извештајот за констатираните состојби го достави до обвинителството. По дел од доставените барања се постапува“, изјавија од Обвинителството за Порталб.мк.

Но, бидејќи предметот е во предистражна постапка, Обвинителството не дава дополнителни појаснувања за тоа што констатирал инспекторатот при инспекцискиот увид. По основ на истата причина појаснувања не даваат ниту од Инспекторатот.

Со истражувањето на Порталб докажавме дека земјиштето зад Поликлиниката „Бит Пазар“ е државно и истото незаконски се користи како паркинг со наплата. Од друга страна, институциите меѓусебно се обвинуваат за тоа кој треба да постапи, иако земјиштето се наоѓа во територијата на Општина Чаир и според децентрализацијата, надлежна да постапи е Општина Чаир.

На 22 јуни, по објавувањето на истражувањето на Порталб во врска со узурпирањето на државното земјиште позади Поликлиниката „Бит Пазар“ беше отворен предмет од страна на Обвинителството од каде што најавија дека ќе постапат ако не се вклучат другите надлежни институции. Но, додека во Обвинителството овој предмет пет месеци е во предистражна фаза, а другите институции не постапуваат, узурпаторите продолжуваат со својата незаконска дејност со тоа што ги принудуваат граѓаните да плаќаат за паркирање на земјиште кое е во сопственост на државата.

Во неколкунеделното истражување Порталб.мк објави дека граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост и се узурпирани. Парите на граѓаните незаконски одат во џебовите на приватни лица, наместо во касата на болницата, општината или државата.

Во едно интервју за Порталб.мк, Висар Ганиу одговорноста ја префрли кај менаџментот на Поликлиниката „Бит Пазар“ и кај Владата.

„Сите парцели што се во дворот на Поликлиниката се во сопственост на Поликлиниката и се наоѓаат на територијата на Чаир, но тие се во сопственост на Поликлиниката и со Поликлиниката не управува општина Чаир, туку централната власт. Ова фрлање на вината или топката на туѓ терен не е коректно“, изјави Ганиу во интервјуто за Порталб.мк.

Од друга страна, Владата, Поликлиниката „Бит Пазар“, Државниот градежен инспекторат, но и низа други институции, прстот го вперуваат кај Општина Чаир.

„Министерството за транспорт и врски во делот на градежното земјиште своите надлежности им ги предаде на општините во согласност со процесот на децентрализација и од тие причини целокупното управување со земјиштето е во надлежност на општините. Во овој случај, земјиштето и е дадено на располагање на општината и поради тие причини ве советуваме да се обратите до инспекциските служби на општината. Доколку имате индиции за било какво незаконско користење на државното земјиште, ве упатуваме да се обратите до Државниот градежен инспекторат, кој согласно своите овластувања е државен инспекциски орган во областа на градежното земјиште“, соопшти за Порталб.мк, Кире Коцевски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.

Од полицијата за Порталб.мк потврдија дека до сега никој не пријавил дека некој го узурпирал земјиштето во тој дел.

Порталб.мк претходно разговараше со експерти од оваа област во врска со надлежностите за постапување со узурпаторите.

„Со просторот, поточно со дворот, управува болницата, поради полесниот пристап и тоа се нарекува јавна употреба. Но, технички, тој имот се управува на име на Република Северна Македонија и со тој имот, на ниво на општина – управува општината и општината има право да влезе. Но, и да се работи за земјиште на болница или за приватно земјиште, општината дефинитивно има можност да влезе со Градежниот инспекторат и да констатира, а потоа и покрај тоа што е приватна сопственост да поднесе пријава за градба без дозвола. За тоа служат Инспекторатите, а не дали некој имот е приватен или не – тие не вршат увид само на имотот околу општината, туку на целиот имот на територијата на општината“, велат експертите кои ги консултираше Порталб.мк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...