„Шорткат“ за дигитализацијата на полагањата државни и меѓународни тестови

Неделните вести за млади ќе бидат емитувани вечерва во 19:00 часот

Кога во прашање е дигитализацијата на процесот на полагање државни и меѓународни тестови, кои за нашите ученици се обврска – мнозинството училишта во државата не се соодветно опремени со компјутери, иако меѓународните организации што ги спроведуваат тестирањата инсистираат на електронско, наместо хартиено полагање. За тоа што е потребно да се направи за овој систем да биде пофункционален, разговараме со директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска.

Информираме и за вебинарот насловен како „Жешките еко-точки низ новинарска призма“ што се одржа минатата недела.

Зборуваме и за стигмата поврзана со менталното здравје, како и за предупредувањата за фишинг нападите преку сомнителни СМС пораки што стигаат на телефоните на граѓаните.

Шорткат доаѓа вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.