Започна форумот за родово одговорно буџетирање

Ни претстојат два многу важни дена. Првиот ден е посветен на меѓународните организации, кои имаат огромна моќ на трансформација преку развојна помош, рече регионалната директорка на Мрежата за родово одговорно буџетирање

Денес почна дводневниот форум за родово одговорно буџетирање под наслов „Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Молдавија”.

Форумот беше отворен од Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика, Марија Ристеска, регионалната директорка на Мрежата за родово одговорно буџетирање и Лидија Арсова, преставничка на Централно европската иницијатива.

Хусејин посочи дека се преземаат активности за вклучување на родовата перспектива во процесот на стратешко планирање, заедно со Генералниот сектретаријат на Владата и дека се ревидира упатството за подготовка на стратешките планови, нивно следење и известување за постигнатите резултати.

„Ни претстојат два многу важни дена. Првиот ден е посветен на меѓународните организации, кои имаат огромна моќ на трансформација преку развојна помош, вториот ден е посветен на иницијативите за родово одговорно буџетирање на регионално и локално ниво”, рече Ристеска.

На првиот ден од форумот се одржаа три панел дискусии каде панелистите разговараа за актуелните методологии за следење на финансирањето за родовата еднаквост.

Беше кажано дека само преку заеднички напор ќе се стигне до промена и дека потребна е имплементација на родово одговорно буџертирање од централно до локално ниво директно до граѓаните. Исто така беше заклучено дека е потребно сите вклучени страни да се залагаат за транспатентни податоци во однос на родово одговорното буџетирање.

Утре продолжува форумот и фокусот ќе биде ставен на развој на методолошки идеи за родово-одговорно буџетирање за подобро информирање за активностите за ублажување и адаптација на климатските промени, како и важноста од вклучување родовата перспектива во политиките и буџетирањето за национален, регионален и локален развој.