fbpx

Петровска: Транспарентноста и вистината се најдобар одговор на дезинформациите

Европските земји се соочени со канонада на лажни и извртени информации, чија основна цел е да ја поткопаат довербата во институциите, довербата во општеството во целина и кај граѓаните да предизвикаат чувство на страв и неизвесност, изјави Петровска

-

Најдобриот одговор за справување со дезинформациите се транспарентноста и вистината, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска која денеска учествуваше на панел-дискусија посветена на штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи. Настанот го организираше НВО Нексус – граѓански концепт, под покровителство на НАТО Девизијата за јавна дипломатија.

„Дезинформациските текови во Западен Балкан укажуваат на поврзаноста меѓу странските штетни влијанија и домашните актери кои користат дезинформациски наративи чија цел е дестабилизација на регионот и попречување на европските и евроатлантските интеграции на државите од Западен Балкан. Дезинформациите не се само медиумски проблем, тие се и безбедносен проблем“, рече министерката на форумот насловен „Дезинформациите и руската агресија во Украина: закани, импликации и како да се спротивставиме на лажните и погрешни содржини во Западен Балкан со фокус на Северна Македонија“.

Таа се осврна на новата реалност, во која денес на европско тло една европска суверена, независна и демократска земја е конвенционално нападната, а останатите се соочени со канонада на лажни и извртени информации, чија основна цел е да ја поткопаат довербата во институциите, довербата во општеството во целина и кај граѓаните да предизвикаат чувство на страв и неизвесност.

Најдобар одговор на лажните вести и дезинформациите, порача министерката, се транспарентноста и вистината, како и зацврстувањето на демократијата, владеењето на правото и јакнењето на довербата во институциите на државата.

„Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината. Нашето општество мора да функционира како еден организам, подготвен и способен да ги одврати дезинформациите. Мора цврсто да веруваме во нашата демократија и владеењето на правото, да бидеме отворени и искрени во создавањето општество засновано на правата и одговорностите на секој поединец. Мора да продолжиме да градиме едно општество за сите и мораме да бидеме подготвени и спремни да ги прифатиме нашите различности, бидејќи тие нè прават посилни“, порача министерката.

Петровска истакна дека Министерството за одбрана е во првите редови во борбата за вистината, како најтранспарентна институција во државата заедно со Владата.

На денешниот форум говореа и професорот Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО, професорот Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност, уредникот и новинар Васко Попетревски и Ненад Марковиќ, член на Советот за безбедност и универзитетски професор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...