понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: борба против дезинформации | 35 резултати

Србија е регионален центар за ширење на дезинформации во Западен Балкан

24 октомври 2023

Србија е регионален центар за ширење на дезинформации, бидејќи е земја која е под силно руско влијание и во Белград има регионални седишта на Раша Тудеј и Спутник, но и поради познавањето на српскиот јазик во регионот, таа е погодна за ширење на дезинформациите кон соседите. Дезинформациите се горлив проблем не само за Северна Македонија, […]

Отворено 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост

24 октомври 2023

Под мотото „Брз прст, лажни вести носи“ од денеска до 31 октомври во земјава ќе се организира 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост од Мрежата за медиумска писменост. Организирани ќе бидат десетина панел дискусии, онлајн дебати, изложби, отворени денови во медиумите, студентски школи и јавни седници, од членките на Мрежата. Настаните ќе можат да […]

Петровска: Транспарентноста и вистината се најдобар одговор на дезинформациите

20 септември 2023

Најдобриот одговор за справување со дезинформациите се транспарентноста и вистината, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска која денеска учествуваше на панел-дискусија посветена на штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи. Настанот го организираше НВО Нексус – граѓански концепт, под покровителство на НАТО Девизијата за јавна дипломатија. „Дезинформациските текови во Западен Балкан […]

Дезинформациите не можат да исчезнат – треба да се обелоденат нивните создавачи

20 јуни 2023

Крајно време е препораките да се претворат во активности и точно да се знае кои чинители во општеството каква улога имаат во борбата против дезинформациите. Да се признае кои се непријателите – создавачи на дезинформации и да се разбере со какви цели шират пропаганда. Процесот ќе биде предизвикувачки, но може да биде успешен само доколку […]

Мрежата за борба против дезинформации на Западен Балкан презентирана на конференцијата ПОИНТ

15 јуни 2023

На 11-тото издание на ПОИНТ конференцијата што почна денеска во Сарајево, БиХ, беше презентирана Western Balkans Anti-Disinformation Hub (Мрежата за борба против дезинформациите во Западен Балкан). Конференцијата ПОИНТ е најголемата конференција од својот вид во регионот, а е посветена на политичката отчетност и новите технологии. Таа претставува еден вид платформа на граѓанското општество за поттикнување на […]

Твитер се повлече од доброволниот кодекс за дезинформации на ЕУ

29 мај 2023

Социјалната мрежа Твитер се повлекла од доброволниот кодекс на Европската Унија (ЕУ) за борба против дезинформациите. Веста ја објави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој ја предупреди компанијата на Илон Маск дека ќе мора да ги почитува новите закони, пренесува Би-Би-Си. „Обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, […]

Рикер: САД ќе ѝ помагаат на земјава во борбата против дезинформации

12 мај 2023

Северна Македонија и САД за време на посетата на премиерот Димитар Ковачевски го потпишаа Меморандумот за разбирање меѓу двете земји во борбата против дезинформации. Поранешниот американски амбасадор во земјава и помошник државен секретар на САД, Филип Рикер во интервју за Гласот за Америка зборува за начинот на кој САД можат да ѝ помогнат на земјава […]

Рубин ја почна посетата: Русија преку дезинформации сака да го врати конфликтот на Западен Балкан

11 април 2023

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, ја почна својата посета од Подгорица, Црна Гора, а се очекува да дојде и во Албанија и Северна Македонија, за да разговара со надлежни лица и институции за борбата против дезинформациите. Целта на посетата пред сè, е борбата против дезинформациите […]

Кибер отпорноста почнува со лична дигитална „хигиена“

5 април 2023

Кога се зборува за кибер безбедноста, односно справувањето со кибер нападите и справувањето со дезинформациите, мерките за безбедност треба почнат со она што се нарекува основна лична дигитална хигиена, а потоа да се оди повисоко. Тоа подразбира, за секој поединец – ставете заштита, заклучување на телефонот или лаптопот; редовно ажурирајте го софтверот, инсталирајте заштитен софтвер […]

Фондацијата Метаморфозис потпиша меморандум за соработка со Кабинетот на Претседателот за отпор против дезинформациите

13 февруари 2023

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис денеска потпиша меморандум за соработка со Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари го потпиша меморандумот за соработка за поддршка на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование со Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски. „Соработката со Претседателскиот центар […]

Во понеделник панел-дискусија: Различностите и дезинформациите во Западен Балкан

28 октомври 2022

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во понеделник (31 октомври), со почеток од 14 часот, ќе организира онлајн панел-дискусија на тема „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, на платформата за видео комуникација Zoom. Панел-дискусијата ќе биде од регионален карактер, со учество на претставници на организации од Западен Балкан кои се борат против дезинформации и кои […]

Над 80 организации го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите

12 јануари 2022

Повеќе од 80 организации за проверка на факти од светот го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите коишто се шират преку видео содржините прикачени на оваа онлајн платформа. Глобалната коалиција на организации за проверка на факти посочува дека Јутјуб е главниот канал на онлајн дезинформации во светот, при што компанијата не прави доволно […]

Фондацијата Метаморфозис промовира пет нови комуникациски групи за правилно и брзо информирање

21 октомври 2021

Фондацијата „Метаморфозис“ денеска преку онлајн-настан ги презентираше новосоздадените комуникациски групи на платформите за комуникација WhatsApp и Viber, наменети за новинарите и за пошироката јавност. Како што истакна Горан Ризаов, модераторот на настанот, преку групите на WhatsApp наменети за новинарите, тие ќе може да постават официјални прашања до претставниците на власта и да добијат брз официјален […]

„Репортери без граници“ денеска ја отвори онлајн платформата „Иницијатива за новинарска доверба“

18 мај 2021

Новата онлајн платформа „Иницијатива за новинарска доверба“ денеска беше отворена од организацијата „Репортери без граници“, која што ќе им овозможи на медиумите ширум светот да ја проверат, претстават и промовираат усогласеноста на нивните уредувачки процеси во согласност со најдобрите практики. Во нивното соопштение се наведува дека платформата претставува радикален и иновативен чекор напред во борбата […]

Сведоштва на новинарки за тоа колку лесно може човек да биде излажан од дезинформации

11 март 2021

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на две новинарки од „Канал 77“ за напливот на дезинформации. Новинарите во секојдневната работа се соочуваат со секаков тип на дезинформации и полуинформации, поради што е потребна будност, но и располагање на факти за […]

Твитер ќе ги гаси профилите кои во континуитет шират невистини за ковид-19

2 март 2021

Социјалната мрежа Твитер вчера соопшти дека воведуваат нови правила со кои ја засилуваат борбата против ширењето на невистини во врска со ковид-19. Твитер ќе поставува предупредувања на оние твитови кои содржат невистини за вакцините против ковид-19. Исто така, одредени профили на Твитер можат да бидат трајно забранети доколку во континуитет, и по пет предупредувања, продолжат […]

Заев: „Стоп за дезинформациите“ еден од 10-те приоритети на кои ќе се работи во 2021 година

21 декември 2020

Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека меѓу десетте приоритети од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома”, на кои владата ќе работи следната година е спротивставувањето на дезинформациите и спречување на штетите кои ги нанесуваат лажните вести. Во рамките на приоритетот „Стоп на дезинформациите“, Заев најави засилени активности во периодот што следи, вклучувајќи широки […]

Пет начини како да провериме дали веста е вистинита или лажна? (Видео)

3 декември 2020

„Сѐ уште некако ни се случува да поверуваме на лажна вест или за вистинска вест да кажеме дека е лажна и некако се е каша попара не знаеме на кого да веруваме, на кого да не веруваме и врз база на кои информации да ги превземаме акциите што ги преземаме“, вели Кика Авеиро во нејзиното […]

Инстаграм во борба против дезинформации пред изборите во САД

2 ноември 2020

На 30 октомври на официјалниот Твитер профил на Инстаграм беше објавено дека тие ќе направат промени на нивната платформа пред изборите во САД. „Како што се наближуваме до изборите во САД воведуваме промени кои ќе го отежнат пристапот до можни дезинформации на Инстаграм“ – велат во објавата. Во другата објава надополнуваат дека на граѓаните на […]

Скопје догодина ќе биде домаќин на најголемата НАТО конференција за односи со јавност и борба со дезинформации

24 септември 2020

Околу 500 експерти за комуникации од сите земји-членки на НАТО ќе учествуваат на најголемата досега сојузничка конференција за односи со јавност што следната година треба да се одржи во Скопје, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска. – Тука ќе се градат плановите за комуникацијата на НАТО со јавноста, за борбата со лажните вести […]

Страна 1 од 2