fbpx

Германските медиуми организираат кампања против ширењето дезинформации

Акцијата исто така ќе промовира безбеден пристап до вестите, рекоа во четвртокот, организаторите на кампањата во Берлин

-

Догодина германските медиуми во соработка со регулаторните тела, фондациите и научните институти ќе организираат кампања чија цел е да се насочи вниманието на јавноста за важноста на доверливите информации, јавува германската новинска агенција ДПА.

Акцијата исто така ќе промовира безбеден пристап до вестите, рекоа во четвртокот, организаторите на кампањата во Берлин.

Кампањата „Година на вестите“ опфаќа активности, како што се: секојдневни акции на социјалните мрежи, школски часови, работилници и партнерски проекти помеѓу школите и локалните редакции.

Партнерите на медиумската иницијатива #UseTheNews – која пред неколку години ја востановија агенцијата ДПА и градот Хамбург – е кампања која првенствено е насочена кон младите и зголемувањето на медиумската писменост.

Во кампањата „Година на вестите“ учествуваат повеќе медиуми, вклучувајќи ги јавните сервиси АРД и ЗДФ и приватните – РТЛ/нтв, Шпигел и групацијата Функе.

Вклучени се и здруженија на издавачи, медиумски регулатори, Сојузната агенција за граѓанско образование, Лајбницовиот институт за истражување на медиумите, како и фондациите Мадсак и Цајт.

Поради значајноста на темата, иницијаторите целат кон што е можно поширок сојуз и надвор од кругот на #UseTheNews, изјави претседателот на управниот одбор на ДПА Петер Кропш.

„Во времињата на вештачката интелигенција и дипфејкот, да се најде одговор на прашањето „што е реалност, а што е лага“ воопшто не е едноставно“, изјави директорот на АРД Кај Гнифке.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...