fbpx

Израел елиминираше тројца високи оперативци на Хамас

Висок функционер на Хамас за Асошиеjтед прес изјавил дека на палестинската милитантна група и е потребна поголема интервенција од нејзините сојузници, вклучително и Хезболах во Либан, поддржан од Иран, во нејзината војна со Израел

-

Израелската војска соопшти дека нејзините војници и тенкови накратко влегле во северниот дел на Газа, што претставува трет израелски напад од почетокот на војната пред повеќе од две недели. Воздушните напади опустошија делови од Појасот Газа во тоа време. Во меѓувреме, висок функционер на Хамас за Асошиеjтед прес изјавил дека на палестинската милитантна група и е потребна поголема интервенција од нејзините сојузници, вклучително и Хезболах во Либан, поддржан од Иран, во нејзината војна со Израел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчеравечер соопштија дека „врз основа на прецизни разузнавачки информации, борбените авиони елиминирале тројца високи оперативци на Хамас во баталјонот Дарај Туфах“.

„Оперативците на баталјонот одиграа значајна улога во инвазијата и убиствениот напад врз Израел на 7 октомври и се смета за најзначајната бригада на терористичката организација Хамас“, пишува ИДФ на социјалната мрежа X.

Бени Ганц, пензиониран генерал и член на воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека секоја копнена офанзива во Газа ќе биде само „една фаза во долгорочниот процес кој вклучува безбедносни, политички и социјални аспекти што ќе траат со години“.

„Кампањата наскоро ќе се засили со поголема сила“, рече тој.

Израел претходно ја повика Русија да ја протера делегацијата која е во посета на палестинската исламистичка група Хамас, велејќи дека поканата да дојде во Москва е „срамна“.

„Хамас е терористичка организација полоша од ИСИС. Рацете на високи членови на Хамас се извалкани со крвта на повеќе од 1.400 Израелци кои беа заклани, убиени, егзекутирани и запалени и се одговорни за киднапирањето на повеќе од 220 Израелци, вклучувајќи бебиња, деца, жени и постари лица“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи, пренесе Тајмс оф Израел.

Делегација на Хамас ја посети Москва за да преговара за ослободување на странските заложници, вклучително и руски државјани, кои моментално ги држи милитантната група во Газа, објавија руските новински агенции, цитирајќи го Министерството за надворешни работи. Висок член на Хамас, Абу Марзук, е дел од делегацијата што учествува во преговорите, јави ТАСС.

Во меѓувреме, лидерите на земјите-членки на ЕУ, вчера се собраа на самитот во Брисел, каде треба да разговараат и за ребаланс на седумгодишниот буџет за да можат да финансираат нови непредвидени трошоци. Друга тема за која лидерите се обидуваат да постигнат договор е како да се пристапи кон конфликтот меѓу Израел и Хамас. Целта е да се испрати едногласна порака и да се покаже единство.

Војната меѓу Израел и Хамас, која влегува во третата недела, е најсмртоносната од петте војни во Газа за двете страни. Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вчера соопшти дека досега се убиени повеќе од 7.000 Палестинци – три пати повеќе од бројот на убиени во шестнеделната војна во Газа во 2014 година. На окупираниот Западен Брег, повеќе од 100 Палестинци беа убиени во насилство и израелски напади по ненадејното дивеење на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...