fbpx

Заев: „Стоп за дезинформациите“ еден од 10-те приоритети на кои ќе се работи во 2021 година

-

Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека меѓу десетте приоритети од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома”, на кои владата ќе работи следната година е спротивставувањето на дезинформациите и спречување на штетите кои ги нанесуваат лажните вести.

Во рамките на приоритетот „Стоп на дезинформациите“, Заев најави засилени активности во периодот што следи, вклучувајќи широки консултации со медиумските работници и граѓанскиот сектор и уште посериозна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и другите облици на хибридни закани против демократијата во нашето општество, во рамките на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата.

„Овие обиди ќе се разобличуваат како дезинформации во соработка со факт чекерите и на медиумите ќе им се обезбеди најтранспарентно пристап до релевантни извори и информации за креирање објективни медиумски содржини од јавен интерес. Владата има обврска да го штити јавниот интерес и во таа смисла ќе направиме се што е во наша надлежност населението да биде целосно, навремено и точно информирано за начините на заштита од КОВИД, вклучително и за процесот на вакцинација“, изјави премиерот Заев.

Тој ги потенцираше тенденциите кои уште сега се препознаваат со вестите поврзани за вакцината против ковид-19, кои имаат за цел да предизвикаат недоверба кај граѓаните и да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата со пандемијата.

Кога станува збор за одбраната од сајбер нападите, премиерот повторно потенцираше дека е завршена процедурата за усогласување на Меморандум за соработка на нашето Министерство за одбрана со НАТО, на полето на сајбер одбраната и документот е подготвен за потпишување, што ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напади.

„Северна Македонија ќе биде лидер во изнаоѓањето на решенија во борбата со дезинформациите кои го напаѓаат целиот свет, и верувам дека рамо до рамо со партнерите од западот и НАТО, соодветно ќе возвратиме на оваа штетна појава“, изјави премиерот Заев.

Во својот говор, Заев најави дека медиумската писменост ќе стане дел од наставата во земјава, со цел да им се помогне на младите генерации да бидат најсилните отпорници на лажните вести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...