fbpx

Заев: Одлучно се движиме кон енергетската транзиција и производство на чиста енергија

-

Во проектите и програмите навладината „Акција 21 – за европски стандарди дома!”, кои денеска на прес конференција ги презентираше премиерот Зоран Заев, меѓу приоритетит се ставени енергетските проекти од обновливи извори на енерија, планирани за в година, а со цел, зголемување на производството на чиста енергија и  намалување на штетните емисиии во околината и во воздухот.

„Одлучно се движиме кон енергетската транзиција, а според европската агенда до 2050 година треба да има нула штетни емисии во околината од секторот енергетика.  Наредната година Владата предвидува засилен ангажман во иницијативата за заштита на животната околина, при што имаме голема поддршка од нашите партнери, ЕУ, САД и НАТО, преку разни фондови“, рече Заев.

Тој додаде дека, меѓу другото, се планираат инвестиции во стариот рудник на Осломеј, каде веќе се гради 10 мегаватна фитонапоска централа, а дека следува изградба за уште 2 електрани од по 50 мегавати. Во првата половина од 2012 година Заев најави и инвестиција од 70 милиони евра во ТЕЦ Неготино за што веќе има оглас за физибилити студија за ЈПП или за негова продажба, за што е потребна инвестиција од 200 до 500 милиони евра за нов капацитет за производство на 100 мегавати зелена енергија. Дополнително, Заев посочи и за грант, средства од над 35 милиони евра за 3 нови фотонапонски централи со јачина од 160 мегавати во РЕК Битола, кои ќе ја заменат јачината од еден негов сегашен блок. Во ветерниот парк кај Богданци ќе се инсталира втората фаза со капацитет од моќност од 13,8 негавати и со проценета вредност од 21 милион евра, како и дека ќе има нови одобренија за градба на ветерни електрани во Свети Николе, Демир Капија, Кочани, Дебарца и други општини.

„Веќе во јануари 2021 година ќе стигнат анализите и проценките за нашето учество во изградбата и сопственоста на терминалот за течен природен гас во Александропулос и гасната електрана. Во текот на 2021 Владата ќе донесе соодветни одлука за инвестирањето во овие проекти. Официјално продолжува изградбата на гасоводот и поврзувањето на РСМ преку конекцијата од ТАП Азербејџан, што е клучен проект за енергетскиот развој на земјата. Интерконекцијата со овој гасовод чини 54 милиони евра од кои 10 милиони се грант од инвестиционата рамка на  ЕУ за Западен Балкан“, рече Заев.

Тој нагласи и дека во 2021 година ќе се реализираа изградбата на магистралните гасоводите Штип, Крива Паланка, после Струмица и Куманово како и до други македонски градови и општини кои потоа ќе се приклучат и на секундарната гасификација во домаќинствата.

„Овие големи и важни, домашни, македонски проекти се дел од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!”. Во енергетиката навистина имаме што да кажеме и имаме аргументи зошто сме лидер во регионот по ова прашање. Пред три дена заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години обиди на претходната власт кои пропаѓаа уште во фазата на распишување на тендерите, на нашиот јавен повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех“, рече Заев.

Додаде дека ќе се поврзуваме преку Коридорот 8 и преку другите капитални проекти и дела буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски е развоен и во него во најголем дел од проектираните средства или 83 проценти се наменети за капитални проекти во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови. „Клучен капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата на Коридор 8 во втората и третата фаза вредни 600 милиони евра. Коридор 8 е главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското море“, нагласи Заев.

Во врска со пописот на населението во 2021 година, Заев рече дека РСМ нема попис 18 години, со што е единствена држава во регионот и пошироко без спроведена ваква статистичка операција.Според Извештајот на ЕК беше нотирано дека е постигнат особено добар напредок во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението. “Имаме за цел со предлог Законот за попис, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање. Пописот ќе чини вкупно 8,5 милиони евра. Тоа е за 5 милиони евра помалку од пропаднатиот попис на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2011 година“, посочи тој.

Објаснувајќи за вакцините против ковид-19, Заев нагласи дека има уплата за 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот, а согласно планот за дистрибуција вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. „Започнавме преговори и за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку ЕУ кој е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони. Се подготвуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Ова е така бидејќи ќе има повеќе достапни вакцини кои сигурно ќе ги користиме, а се складираат на различна температура“, изјави Заев и упати апел претстојните празници да ги одбележиме одговорно. Во кругот на семејствата и да покажеме грижа за здравјето на нашите најдраги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестираат – бараат повисоки плати и разрешување на управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...