четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: 2021 | 40 резултати

Герасимовски: Никогаш не сме имале толку висока смртност кај населението [инфографик]

6 февруари 2022

Наталитетот е намален, а со помалку живородени деца населението старее. Старечкото население преовладува, па следствено на тоа и смртноста на ниво на државата расте. Сепак, во последните три години, бележиме високи бројки на починати лица, какви што сме немале никогаш досега. Овие заклучоци за Мета.мк ги потенцира Дончо Герасимовски, специјалист во областа на статистиката и […]

Анализа на Порталб: Од 2014 регистриран највисок ценовен раст – 2021 беше година на скапотија

25 јануари 2022

Раст на цените на мало за цели 6 отсто во декември 2021 година во однос на истиот месец од 2020 година. Трошоците на живот зголемени за 4,9 отсто. Овие вредности се највисоки што се регистрирани во месец декември од 2014 година до сега. Светските анализи покажуваат дека и годинава се очекува раст на цените на […]

За првпат во историјата, во Европа електричните автомобили повеќе продавани од дизелашите

24 јануари 2022

Во Европа во текот на декември 2021 година се продадени повеќе електрични автомобили во споредба со дизелашите, пишува Фајненшел Тајмс. Станува збор за историски резултат, којшто е силно поддржан од субвенции од владите и законските ограничувања за возилата што испуштаат штетни материи во воздухот. Повеќе од една петтина од продадените автомобили во 18 европски земји, […]

Лани собрани 11.000 кубици од скопските ѓубришта, се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден

13 јануари 2022

Скопска „Комунална хигиена“ лани собрала 11.000 метри кубни расфрлан отпад по дивите депонии во главниот град, а во 2021 година нивната еко-патрола изготвила вкупно 1.359 информативно-едукативни записници на граѓани и правни субјекти коишто биле затекнати како неправилно одлагаат отпад. Во просек, лани се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден, а по врачувањето […]

2021 со бројни ретроспективни изложби, дали во 2022 ќе вкусиме повеќе нова уметност?

7 јануари 2022

2021 година беше проследена со голем број на изложби, уметнички инсталации, мултимедијални творби инспирирани од најразлични теми, предизвици, ризици и начини на денешното живеење. Покрај појавувањето на нови уметнички имиња, просториите во националните галерии беа исполнети и со изложби на долгогодишни македонски академски уметници, чии дела говорат за нивната умешност во визуелната уметност. Во првата […]

Ни Америка не можеше да ја „спаси“ европската интеграција на Македонија во 2021 година

6 јануари 2022

Евроинтеграциското патешествие на Северна Македонија во текот на 2021 година не донесе резултати и покрај повремените надежи. Токму кога се мислеше дека со формирањето на новата Влада во Бугарија ќе има напредок за деблокирање на спорот со соседната земја, оставка поднесе Владата на Македонија. Советот на ЕУ одржа состанок, но не даде датум за земјата. […]

Климатските промени и аерозагадувањето во 2021 година: Многу документи, малку имплементација

5 јануари 2022

Реализацијата на проекти на национално и локално ниво коишто ќе имаат директен удел во намалување на аерозагадувањето и ублажување на климатските промени недостигаа во изминатата 2021 година. Северна Македонија усвои серија од важни стратегии и закони, а се обврза на Конференцијата за климатски промени на ОН – КОП 26 и со потпис на меѓународни договори, […]

Образованието во 2021 година: нова концепција за основците, протести на средношколците

3 јануари 2022

Новата концепција, заедно со најавата за воведување електронски учебници и сеопфатно сексуално образование, проследени со низа дезинформации, лажни вести, но и протести на родителите, ги одбележаа случувањата во основното образование изминатата 2021 година. Протестираа и средношколците, а тие бараа промена во моделот на полагање државна матура и враќање во училишните клупи, наместо неквалитетна онлајн настава, […]

Ретроспектива: Развојот на инклузивно општество со еднаквост и прифатеност оди полека, но сигурно

30 декември 2021

Република Северна Македонија сè уште се наоѓа на прагот од патот што води кон подобрување на ситуацијата за развој на институциите и условите за лица со посебни потреби. Во годината што измина беа утвредни неколку проекти организирани од разни неформални здруженија, беше усвоен предлогот на МОН за воведување на учебници што се достапни и разбирливи […]

Проекцијата на Народната банка за годинешната инфлација скокна од 2,2 на 3,1 проценти

9 ноември 2021

Најавите за зголемување на процентот на инфлација се остварија на најновата седница на Советот на Народната банка, на која бил разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај за макроекономските проекции. Наместо досегашната проекција од 2,2 проценти, ревидирана е стапката на инфлација на 3,1 проценти до крајот на годинава, информираат од Народната банка на Република Северна Македонија […]

По пауза од една година, манифестацијата „Галичка свадба“ ќе се одржи на 17 јули во Галичник

14 јули 2021

По пауза од една година поради ковид пандемијата, претстојниов викенд продолжува традицијата на одржување на прочуената културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. На годинешното 47. издание, судбоносното „да“ во Галичник ќе го кажат Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник. „Ние сме многу среќни што се создадоа услови оваа година да продолжиме со […]

ДЗС: Просечната нето плата во април е 28.438 денари, поголема за 10,1 отсто од лани

22 јуни 2021

Во април годинава, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува  28.438 денари (462 евра), објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, во тој месец, индексот на просечната исплатена нето-плата, во однос на истиот месец од 2020 година, изнесува 110.1, или платата е зголемена за 10,1 отсто. Додека во првите четири месеци од […]

АСО: Осигурителниот пазар порасна за 5 отсто, а продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра во првиот квартал од 2021

17 јуни 2021

Кај групата неживотно осигурување, растат вложувањата во осигурување на имот, во приватно здравствено осигурување, осигурување на финансиски загуби и во каско осигурување воздухоплови. Кај осигурувањето живот, пак, значаен раст има на вложувања кај производот „јунит линкд“ , кој е поврзан со вложувања во инвестициски фондови при што ризикот е на товар на осигуреникот, соопштуваат од […]

ДЗС: Невработеноста во првото тримесечје паднала за 2 отсто, вработеноста за еден отсто

4 јуни 2021

Во првото тримесечје од 2021 година активното население во Република Северна Македонија изнесувало 943.964 лица, од кои вработени се 793.121, а 150.843 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56 отсто, стапката на вработеност 47,1 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 16 отсто, објави Државниот завод за статистика. За споредба, во првото […]

Индустриското производство во април зголемено за 46,1 отсто

31 мај 2021

Индексот на индустриското производство во април 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 146,1, односно е поголемо за 46,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Додека во периодот јануари – април 2021 година, спредено со истиот период лани, изнесува 103,7 или индустриското е зголемено за 3,7 отсто. Според податоците, гледано по сектори, […]

Шахпаска-Демири: Нови шанси за вработување со програмите од Оперативниот план 2021

25 мај 2021

Од денеска на граѓаните повторно им се достапни програмите и мерките од Оперативниот план 2021, за кои во изминатиот период имаше најголем интерес, информираа на денешната прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. Тие потенцираа дека граѓаните и работодавачите добиваат уште една дополнителна шанса да […]

Извозот во првиот квартал од годинава е 2 милијарди долари, за 29 отсто повеќе од лани

6 мај 2021

Во периодот од јануари до март годинава вкупниот обем на трговската размена со странство достигна 4,6 милијарди долари. Вредност на извозот на стоки од Северна Македонија е 2 милијарди долари и бележи пораст од 29 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 2,6 милијарди долари што е […]

Јавниот долг во првото тримесечје достигна 62,5 отсто, а државниот 54,1 отсто од БДП

29 април 2021

Во првото тримесечје од годинава, јавниот и државниот долг се во рамки на проекциите и по повлекување на средствата од осмата еврообврзница забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Притоа, јавниот долг изнесува 62,5 отсто, додека државниот е 54,1 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии. Издавањето на осмата еврообврзница од 700 милиони […]

Македонија годинава две места погоре на Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници [инфографик]

20 април 2021

Северна Македонија се наоѓа на 90-тото место на Индексот за слобода на медиуми за 2021 година на Репортери без граници. Земјава во споредба со лани напредуваше за две места погоре на рангирањето. Во споредба, пак, со 2014 година, кога е најшата најлоша позиција во историјата, сме напреднале за 43 позиции. И покрај ова, според слободата […]

Ќе се делат субвенции од 1,3 милиони евра за зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата

31 март 2021

Владата преку буџетот на Министерството за економија, во рамки на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата, обезбеди вкупно 82 милиона денари (1,3 милиони евра) за субвенции на домаќинствата за 2021 година, кои ќе се реализираат преку веќе објавените четири јавни повици. Тие се однесуваат на надоместување […]

Страна 1 од 2