fbpx

Ни Америка не можеше да ја „спаси“ европската интеграција на Македонија во 2021 година

-

Евроинтеграциското патешествие на Северна Македонија во текот на 2021 година не донесе резултати и покрај повремените надежи. Токму кога се мислеше дека со формирањето на новата Влада во Бугарија ќе има напредок за деблокирање на спорот со соседната земја, оставка поднесе Владата на Македонија. Советот на ЕУ одржа состанок, но не даде датум за земјата. Македонија се соочи со уште едно вето, пишува Порталб.мк.

Во текот на 2021 година беа направени неколку обиди да се стави крај на спорот меѓу Скопје и Софија, но безуспешно, поради недостаток на воља на двете страни да зборуваат за точките што го попречуваат овој договор и отворањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ. Генерално, имаше попозитивен дух кон Бугарија, а во некои фази дипломатијата на Северна Македонија реагираше несоодветно околу Софија, дополнително заострувајќи ја бугарската позиција кон Скопје, оценува публицистот Селим Ибраими за Порталб.мк.

Според него, во 2021 година видовме малку посериозен ангажман на Вашингтон околу овој проблем, а ЕУ покажа слабост во однос на рестриктивните мерки кон двете страни. И во Комисијата од Скопје, истакнува Ибраими, треба да се сменат членовите кои се тесно поврзани со странски идеологии и партии, кои имаат за цел стагнација на државата.

„На полето на реформите повеќе имаше зборови, а помалку дела оправдувајќи се со пандемијата, а малку стандарди се воспоставени во Северна Македонија во текот на 2021 година во областа на правдата, образованието и здравството. Собранието усвојуваше закони со европско знаме, да личат како на ЕУ, но земјата не личи на членка која навистина цели кон ЕУ. Неодамнешните трагични случаи во Тетово и Бугарија покажуваат дека во областа на транспортот и правото, Северна Македонија е далеку и има влијание на политиката и организираните групи за да се заобиколи сè, и да не се почитуваат барем минималните безбедносни стандарди“, вели Ибраими.

Што можеме да очекуваме во 2022 година?

2022 година може да изгледа како да ветува повеќе дека со Софија може да се постигне договор кој ќе го исфрли минатото во историјата, смета Ибраими. Сериозноста на американскиот ангажман во овој нов балкански јазол останува клучна. И најважно овде, додава Ибраими, е руската улога во Украина и влијанието врз Западен Балкан и ЕУ. Така евентуалниот конфликт во Украина би имал последици по сите започнати процеси за решавање на балканските спорови.

„Сепак, за тоа по кој правец ќе оди Балканот и каква ќе биде судбината на сите спорови, јануари 2022 година е примарен и клучен за одредување на линијата на евроинтеграциите. Безбедносниот состанок меѓу САД, Русија, НАТО-Русија и другите земји со Кремљ останува дилемата како ќе завршат сите спорови. Затоа, патот на Северна Македонија е под влијание на надворешните случувања и секако на внатрешната динамика, при што се знае дека во јануари се очекува новата влада да го добие мандатот“, истакнува Ибраими.

Важно е, оценува Ибраими, Скопје и Софија да имаат добри тимови за дијалог и нови капацитети за решавање на проблемот. Досега на двете страни имаше влијанија дека во 2021 година треба да се запре за да се постигне траен мир од Украина па сé до Балканот.

Хронологија на евроинтеграциското патешествие на Северна Македонија во 2021 година

Во јануари 2021 година, претседавањето со ЕУ премина од „рацете“ на Германија во рацете на Португалија. Германското претседателство се сметаше за најголем поддржувач на проширувањето на ЕУ, а Португалија ниту ја гасеше надежта ниту ветуваше.

Сепак, веднаш по преземањето на претседавањето, Португалија изјави дека се надева дека спорот со Софија ќе биде деблокиран во првата половина на 2021 година и дека ќе се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Според очекувањата, раздвижување немаше ниту за време на португалското претседавање – поради изборите во Бугарија, но и поради големите „несогласувања“, поточно суштинските разлики меѓу позициите на Бугарија и Македонија.

Во април, настана еуфорија, по португалскиот предлог, за кој никогаш не се разбра што содржи, кој како што беше кажано бил целосно разгледан од властите во земјата и дека тоа е прифатлив предлог. Но, тоа не беше случај со соседот на Македонија. Официјална Софија не го прифати предлогот. И покрај тоа што овој предлог се спомнуваше до крајот на претседавањето, истиот падна во вода.

И покрај дипломатските тонови од Северна Македонија, Бугарија „стоички“ остана на нејзиниот став, и во јуни повторно стави вето за Северна Македонија.

Надежите на Северна Македонија потоа зависеа од словенечкото претседателство и изборот на нова влада во Бугарија. Словенија изјавуваше дека Македонија и Албанија треба што поскоро да започнат преговори и дека ќе се ангажира и во оваа насока, како и дека го поддржува португалскиот предлог за спорот Македонија-Бугарија.

Потсетуваме дека Северна Македонија и Бугарија ги заострија односите поради историски спорови. Официјална Софија бара Скопје да ги прифати бугарските барања дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот и дека македонската нација е создадена од Тито.

Овој спор го блокираше евроинтегративниот процес на земјата, при што Бугарија оваа година двапати стави вето на Северна Македонија, еднаш во јуни, а потоа, на 14 декември, односно уште еднаш го блокираше почетокот на преговорите РСМ-ЕУ.

И во 2020 година, истата соседна земја, два пати стави вето на Северна Македонија, еднаш во Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ, како и во Советот за општи работи на ЕУ, со што се оневозможи усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. За решавање на историските спорови, македонско-бугарската комисија одржа состаноци, но не успеа да најде решение. Страните имаат најмногу несогласувања околу идентитетот на историските личности, кралот Самоил и Гоце Делчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...