Во јавниот сектор лани работеле 132.088 лица, за околу 900 повеќе во однос на 2020

-

Заклучно со 31 декември 2021 година, во земјава имало вкупно 1.346 институции коишто го сочинуваат јавниот сектор, во којшто се вработени вкупно 132.088 лица. Во споредба со претходната година, лани во јавниот сектор имало за околу 900 вработени повеќе.

Овие податоци денеска ги објави министерот за информатичко општество и јавна администрација, Адмирем Алити на прес-конференција на која го презентираше Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2021 година.

Министерот Алити појасни дека најголем дел од вработените во јавниот сектор се од секторот образование, односно 33 отсто од вкупниот број.

Тој додаде дека во органите на државната власт се вработени само околу 13 отсто од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, односно на крајот на минатата година се вработени 15.302 лица.

На прес-конференцијата, министерот информираше дека на 31 декември лани во АРМ, МВР, Агенција за разузнавање, Управа за финансиска полиција и другите безбедносни служби работеле вкупно 19.311 лица.

На крајот од 2021 година, забележано е зголемување на образовниот профил на јавната администрација, па така повеќе од половина од вработените имаат високо образование, 4.753 се магистри, а 2.575 се доктори на науки.

Според останатите податоци што ги презентираше министерот денеска, најголем дел од вработените во јавниот сектор се жени – 55,3 отсто. Исто така, просечната возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години.

На крајот од минатата година, според етничката припадност, во јавниот сектор 73,57 отсто од вработените се идентификувале како Македонци, 20,35 отсто како Албанци, 1,95 отсто како Турци и 1,19 отсто како Роми.

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни причини. „Би сакале...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни...