Ретроспектива: Развојот на инклузивно општество со еднаквост и прифатеност оди полека, но сигурно

Фондација Чекор по чекор
Фото: Фондација Чекор по чекор

Република Северна Македонија сè уште се наоѓа на прагот од патот што води кон подобрување на ситуацијата за развој на институциите и условите за лица со посебни потреби. Во годината што измина беа утвредни неколку проекти организирани од разни неформални здруженија, беше усвоен предлогот на МОН за воведување на учебници што се достапни и разбирливи за лица кои имаат потешкотии при развојот, а беа организирани и неколку настани насочени кон перпознавање на еднаквоста во општеството. Ова е само поставување на почетокот на олабавување на стегите во нашето општество што конечно треба да го напушти обрачот на предрасудите. Како Македонија зачекори на прагот на прифаќањето на инклузивноста во годината што изминува? Погледнете ја нашата листа.

1. „Доза Среќа“

Фото: Фејсбук профил на Дневен Центар „Доза Среќа’

Дел од членовите на здружението „Доза Среќа“ во јуни оваа година учествуваа на Светскиот натпревар за животна средина и екологија за млади таленти и иноватори во Џакарта, Индонезија заедно со нивниот ментор Драган Јованов каде освоија златен медал и специјална награда во конкуренција од 218 други тима.

2. Аудио книги

Владата на република Северна Македонија оваа година во април го увои предлогот на Министерството за образование и наука за секоја книга што ќе биде во испечатена верзија да добие своја аудио верзија со цел самите учебници да се инклузивни. Покрај ова, беше прифатен и предлогот МОН да ги печати обичните учебници и на Брајово писмо за децата со оштетен вид. По усвоениот закон коалицијата „Маргини“ ја поздрави реформата на Министерството за образование и наука и постави уште едно барање: обврска за промовирање на мултикултурализмот, родовата еднаквост, почитувањето на човековите права, различноста, демократијата, граѓанското учество и критичкото размислување. Во годините пред нас, со започнување на дигитализацијата на учебниците се очекува и менување на застарените програми што често во содржините на учебниците содржат лекции несоодветни за децата што треба да научат да живеат во отворено, инклузивно и прифатено општество.

3. Хорот на лица со Даунов синдром

Фото: Мета.мк

Во октомври оваа година се одржа првиот настап на хорот на лица со Даунов синдром во организација на здружението Трисомија 21 и Колективот Ветерница на кој учествуваа 11 учесници кои шест месеци се подготвувале за концертот.

4. „И јас сум тука“

Фото: Тоше Огњанов

На втори ноември беше организирана изложбата „И јас сум тука“ и се промовираше истоимената книга чии автори се новинарката Сребра Ѓеорѓиевска и фотографот Тоше Огњанов. Фотографската изложба преку уметноста што не е постара од 200 години ги раскажува приказните на 20 лица со посебни потреби кои сакаат да се дружат, креираат, пишуваат цртаат и кои го сакаат вниманието на камерата. Книгата е составена од кратките приказни на учесниците во изложбата. Целта на овој проект е да се намалат предрасудите во нашето стигматизирано општество и да се претстави поентата дека децата, однсоно луѓето не се раѓаат со предрасуди. Ова речиси едногодишно патешествие кое авторите го имале е инспирирано од проектот „Децата не се раѓаат со попреченост“ во координација на шведскиот театар „Глада Худик“ од Худиксвал, со поддршка на Шведскиот институт. По изложбата што се одржа во Кинотеката на Северна Македонија следеше проецијата на краткиот документарен филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“.

5. „Денсерс јунајтед“

Фото: Trisomija 21 – Skopje

Еден месец по изложбата со емотивен и освестувачки карактер се одржа вториот настап на првиот инклузивен хор од Колективот Ветерница и здружението Трисомија 21. Овој пат тоа беше нумера во инклузивната претстава „Алиса во земјата на танцот“ што беше седма по ред од танцувачкото студио „Денсерс Јунајтед – Денс и Фитнес студио“. Во меѓувреме, веселата и талентирана дружина имаше свои минути за настап и на изложбата на Тома Димовски што се одржа на 28 октомври во паркот „Ибни Пајко“.

6. Инклузивни игралишта

Реквизити на инклузивни пристапни игралишта за деца со попреченост: Фото: „Чекор по чекор“

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост беа отворени две пристапни инклузивни игралишта во две основни училишта во Тетово и Куманово. Игралиштата беа изградени пуштени во употреба како резултат на напорите на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ реализирани преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Програмата на проектот ќе трае до 31 август 2023 година а во текот на овој период предвидени се уште многу активности за деца со попреченост. Главните поставени цели се подобрување на пристапноста на училиштата за учениците со попреченост и воспоставување на програма за стипендирање на ученици со попреченост од почетните одделенија за да се зголеми нивното запишување во редовните училишта и редовното посетување на часовите, како и да се спречи предвремено напуштање на училиштето и образовниот процес.

7. Градинки со пристап за децата со попреченост

Досега, во Македонија има 15 градинки со целосна физичка пристапност кои целат кон тоа децата со попреченост добијат приоритет за упис и во јавните градинки. На одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3-ти декември во организација на Владата на РСМ беше потенцирано дека бројот на училишта кои се обезбедни со соодветен наставен кадар и услови за инклузивна настава се зголемува и постојано се работи на тоа.

8. Креативна Европа

Македонија стана дел од програмата Креативна Европа, финансирана од Европската Унија што има за цел усогласување на приоритети како културната и јазична разновидност со подем на дигиталните, инклузивните и еколошките политики на Европската Унија во смисла на обезбедување нивна одржливост.

9. Биди ИН

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кон крајот на декември 2021 година реазлириаше отварање на ушето едно инклузивно игралиште во ООУ „Љубен Лапе“ во општината Аеродром.