АСО: Осигурителниот пазар порасна за 5 отсто, а продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра во првиот квартал од 2021

-

Кај групата неживотно осигурување, растат вложувањата во осигурување на имот, во приватно здравствено осигурување, осигурување на финансиски загуби и во каско осигурување воздухоплови. Кај осигурувањето живот, пак, значаен раст има на вложувања кај производот „јунит линкд“ , кој е поврзан со вложувања во инвестициски фондови при што ризикот е на товар на осигуреникот, соопштуваат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Во овој продукт осигуреници вложиле 1,37 милиони евра, што е за 25 отсто повеќе од истиот период лани.

Во првите три месеци осигурителниот пазар порасна за 5 отсто, а продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра, што е за 1,7 милиони евра повеќе од истиот период лани. Во вкупната продажба на полиси 11 компании за неживотно осигурување учествуваат со 37 милиони евра, а 5 кои осигуруваат живот, партиципираат со 6,7 милиони евра.

Продажбата на полиси за приватно здравствено осигурување е зголемена за 9 отсто. Во вакви полиси граѓани, фирми и институции за три месеци вложиле 2 милиона евра, во осигурување од општа одговорност 1,25 милиони евра, а во осигурување финансиски загуби 158.000 евра.

„Подобрување на продажбата на полиси е резултат на укинување на ограничувањата што ги предизвика корона кризата, за што е потврда каско осигурување воздухоплови. Во оваа класа за три месеци се уплатени 1,27 милиони евра, а во истиот период лани приходот од осигурување воздухоплови на компаниите бил само 11.000 денари“, соопштија од АСО.

Во вкупната продажба на полиси најголеми класи и понатаму се задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (АО) и осигурувањето на имот. Во полиси за АО во трите месеци се вложени 16,2 милиони евра, а за осигурување имот граѓани, фирми и институции платиле 9,5 милиони евра.

Во првиот квартал годинава најголемо пазарно учество има „Еуролинк“ пред „Триглав Осигурување“, „Халк Осигурување“, „АДОР Македонија“, „Уника“, „Сава Осигурување“, „Евроинс Осигурување“, „Винер В.И.Г“, „Осигурителна полиса“, „Кроација осигурување – неживот“ и „Граве неживот“.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...