Рубин ја почна посетата: Русија преку дезинформации сака да го врати конфликтот на Западен Балкан

Целта на посетата пред сè, е борбата против дезинформациите што се шират против САД, а доаѓаат од Русија

-

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, ја почна својата посета од Подгорица, Црна Гора, а се очекува да дојде и во Албанија и Северна Македонија, за да разговара со надлежни лица и институции за борбата против дезинформациите.

Целта на посетата пред сè, е борбата против дезинформациите што се шират против САД, а доаѓаат од Русија, но ќе се разговара и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

По своето доаѓање во Приштина, Рубин упати порака за заедничка борба против манипулациите со информации и малигните влијанија.

„Именуван сум на оваа должност да направам нешто што е многу тешко, а тоа е да започнам борба која САД треба да ја водат против дезинформациите и маниупулацијата со информации. Пред нас има голем предизвик. Државниот секретар Блинкен истакна дека секој ден, секој час, насекаде низ светот, Русија и Кина шират лаги и манипулираат со информациите за нас и трошат милијарди и милијарди долари за таа намена, а ние сме тек на почеток“, вели Рубин во своето обраќање.

Тој изјавува дека дошол на Западен Балкан, во Црна Гора, бидејќи „ова е место каде што дезинформациите имаат погубно влијание и плодно тло и каде што е отруен информативниот простор за луѓето од регионот“.

„Русија сака да го врати Западен Балкан во време кога имало конфликт. Сега имаме многу можности да се врати мирот меѓу Србија и Косово, за нормализација на нивните односи“, вели Рубин.

Тој порача луѓето да обраќаат внимание на она што го слушаат и читаат, а државите и надлежните инстанци да посветат поголемо внимание на медиумската писменост.

„Ако нешто ве налути, најверојатно е дизајнирано за да го стори тоа. Веројатно е замислено како дезинформација која треба да го подели општеството. Овој проблем е решлив ако сите работиме заедно“, вели Рубин.

Во Скопје е предвидено тој да се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформациите.

„Toа e нова дисциплина, нов проблем во светот, бидејќи тоа е темната страна на дигиталната револуција која ја користат авторитарните режими како оние во Москва и Кина. Мора да го запреме тоа најдобро што можеме, тоа нема да биде совршено, но мора да биде посветено“, вели Рубин.

Џејмс Рубин ѝ е познат на јавноста на Балканот по тоа што беше портпарол на Стејт департментот во време на војната на Косово и на НАТО-бомбардирањето на тогашна Сојузна Република Југославија. Тој на формалната функција помошник државен секретар се задржа од 1997 до 2000 година, за време на мандатот на државниот секретар Медлин Олбрајт, во администрацијата на Бил Клинтон.

Тој доаѓа во посета на Западен Балкан првпат после 23 години.

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...