Сведоштва на новинарки за тоа колку лесно може човек да биде излажан од дезинформации

Весна Коловска и Теодора Новеска во студио на „Канал 77“ зборуваат за дезинформациите. Фото: Скриншот

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на две новинарки од „Канал 77“ за напливот на дезинформации.

Новинарите во секојдневната работа се соочуваат со секаков тип на дезинформации и полуинформации, поради што е потребна будност, но и располагање на факти за да се препознаат и да се одговори. Во морето на информации, особено со пристапноста преку интернет, потребен е изграден систем во секоја редакција на отпор кон дезинформациите.

На секого може да му се случи да наседне на дезинформации, но најважно е да не стигне до публиката, туку тоа да се реши внатре, во редкацијата.
Ова е ставот на новинарката Весна Коловска, која заедно со Теодора Новеска го изнесуваат своето искуство со дезинформациите.