fbpx

Отворено 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугим Зоран Трајчевски рече дека годинава Деновите на медиумската писменост се посветени на темата „Медиумска писменост во дигиталните простори“

-

Под мотото „Брз прст, лажни вести носи“ од денеска до 31 октомври во земјава ќе се организира 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост од Мрежата за медиумска писменост. Организирани ќе бидат десетина панел дискусии, онлајн дебати, изложби, отворени денови во медиумите, студентски школи и јавни седници, од членките на Мрежата. Настаните ќе можат да се следат директно или преку социјалните мрежи на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube, како и на веб страницата https://mediumskapismenost.mk.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски рече дека годинава Деновите на медиумската писменост се посветени на темата „Медиумска писменост во дигиталните простори“, преку кои и нашата земја се приклучува во одбележувањето на глобалниот настан за медиумска писменост.

Трајчевски додаде дека Деновите на медиумска писменост и годинава ќе потсетуваат одново на многу важни работи, меѓу кои и создавањето на свесноста за тоа колку е важна медиумската писменост, како и дека во новинарството треба да важат истите професионални правила и во офлајн и во онлајн просторот. Трајчевски додаде дека во наредните денови ќе потсетиме одново и упорно дека она што не го правиме во реалноста, не треба да го правиме и во виртуелната реалност.

За време на отворањето, на Деновите на медиумска писменост беше прикажан документарниот филм за петте години Денови на медиумска писменост.

На денешното отворање се одржа панел дискусијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ што го организираше Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан“ поддржан од Кралството Холандија. На првиот ден се одржува и панелот на тема „Постојано поврзани: Влијанието на дигиталниот свет врз децата и млади“ кои го организираа МИМ и ИРЕК во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. ААВМУ во попладневните часови ја организира и работилницата со Мајке Исенберг на тема „Низ дигиталното – нови предизвици за медиумската писменост?“.

Во рамките на Деновите на медиумска писменост, Фондацијата Метаморфозис и Претседателскиот центар за политичко образование од 27 до 29 октомври во Охрид ја организираат обуката „Градење општествена одговорност кон штетните влијанија на дезинформациите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...