недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: денови на медиумска писменост | 18 резултати

ДЕБАТА: Родителите се трудат многу за да ги заштитат своите деца, а малку за да ги оспособат за да се бранат

24 октомври 2023

Одбивајќи ги новите технологии, ние ги правиме грешките на нашите родители – мораме да ги едуцираме децата и младите како безбедно да се движат во дигиталниот свет. Ова меѓудругото беше кажано на денешната панел-дискусија на тема „Секогаш заедно: ефектот на дигиталниот свет врз децата и младите“ организирана во рамките на Деновите на медиумската писменост од […]

Србија е регионален центар за ширење на дезинформации во Западен Балкан

24 октомври 2023

Србија е регионален центар за ширење на дезинформации, бидејќи е земја која е под силно руско влијание и во Белград има регионални седишта на Раша Тудеј и Спутник, но и поради познавањето на српскиот јазик во регионот, таа е погодна за ширење на дезинформациите кон соседите. Дезинформациите се горлив проблем не само за Северна Македонија, […]

Отворено 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост

24 октомври 2023

Под мотото „Брз прст, лажни вести носи“ од денеска до 31 октомври во земјава ќе се организира 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост од Мрежата за медиумска писменост. Организирани ќе бидат десетина панел дискусии, онлајн дебати, изложби, отворени денови во медиумите, студентски школи и јавни седници, од членките на Мрежата. Настаните ќе можат да […]

Дискусија на Метаморфозис: „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“

20 октомври 2023

Панел-дискусија насловена „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ организира Фондацијата Метаморфозис во рамки на конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“ што на 24 октомври ќе се одржи во Рагуза 360 во Скопје. Дискусијата се организира преку Проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан“ поддржан од Кралството Холандија. Експерти од земјата и регионот ќе […]

Дебата: Во Западен Балкан постојано има дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата

31 октомври 2022

Дезинформациските наративи се различни во секоја од земјите во Западен Балкан, но она што можеше да се забележи изминативе месеци е дека насекаде се присутни дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата, како едно од малцинствата кое е подложно на напади во сите земји. Ова беше напоменато на денешната панел-дискусија „Различностите и дезинформациите во […]

Во понеделник панел-дискусија: Различностите и дезинформациите во Западен Балкан

28 октомври 2022

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во понеделник (31 октомври), со почеток од 14 часот, ќе организира онлајн панел-дискусија на тема „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, на платформата за видео комуникација Zoom. Панел-дискусијата ќе биде од регионален карактер, со учество на претставници на организации од Западен Балкан кои се борат против дезинформации и кои […]

„Шорткат“ на Фестивалот на инклузијата во Скопје

27 октомври 2022

Во понеделникот во Скопје се одржа фестивал на инклузија, каде граѓаните имаа можност да се запознаат со креативноста на лицата со попреченост. Нашите впечатоци од фестивалот ги пренесуваме во новото издание на вестите за млади „Шорткат“. Во новата епизода на „Шорткат“ информираме и за невработеноста која останува главен проблем за младите, за можноста за враќање […]

Отворен ден во Радио МОФ и работилница во АВМУ утре на Деновите на медиумска писменост

27 октомври 2022

На Деновите на медиумска писменост за утре, 28 октомври (петок) е предвидено да се одржат три одделни настани, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во Радио МОФ за утре во периодот од 10 до 12 часот е предвидено да се одржи отворен ден на тема „Како е да се биде гласот на […]

Со отворање на изложба, започна иницијативата „Проѕирниот човек“ на Гете-институтот и Фондацијата „Метаморфозис“

25 октомври 2022

Со отворање на интерактивната изложба „What the future wants“ во Јавна соба во Скопје денеска беше означен почетокот на иницијативата „Проѕирниот човек“ која ја спроведува Гете-институтот Скопје во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, со цел промовирање на медиумските и информативните вештини на помладата генерација и нивната околина – родители, наставниците и сите други заинтересирани луѓе. Настанот […]

Годинашните Денови на медиумска писменост и со филмска програма

25 октомври 2022

Под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, почнувајќи од денес па сè до 1 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2022. На овој начин, нашата земја четврта година по ред се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Како што информираше директорот […]

ДЕБАТА: Недостасуваат програми и информативни содржини значајни за младите

13 декември 2021

Денеска се одржа јавната онлајн дебата на тема: „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“, на која се разговараше околу моменталната состојба во медиумите и нивната посветеност за креирање на програми и вести за млади, како и за тоа колкава е довербата на младите во медиумите. Денешната дебата ја отвори амбасадорката на Обединетото […]

Платите и на новинарките и на новинарите се ниски, но на раководните места во медиумите доминираат мажите

2 ноември 2020

Во рамките на Деновите на медиумска писменост 2020, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја организираше дебатата „Род, плати и радиодифузија“, во чии рамки беше промовирана нивната анализа „Родова структура на платите во радиодифузијата“, како и клучните наоди од начинот на известување за родовите прашања во вестите на националните телевизии за периодот […]

Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

14 ноември 2019

Младите се генерално свесни за проблемот со веродостојноста на изворот или квалитетот на една вест, но лесно подлегнуваат на дезинформации добиени преку социјалните медиуми и интернет портали кои претставуваат нивни главен извор на информирање. Ова е само еден заклучок од резултатите добиени од истражувањето „Критичко размислување и навиките на информирање кај младите“ спроведено во рамки […]

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ ќе организираат повеќе настани за време на Деновите на медиумска писменост

22 октомври 2019

Членките на македонската Мрежа за медиумска писменост (ММП) ги претставија настаните кои ќе се одржат во рамки на Деновите на медиумска писменост 2019. Граѓаните ќе можат да учествуваат во триесетина различни активности во периодот од 22 октомври до 15 ноември со кои нашата земја се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на медиумска и информациска […]

Страна 1 од 1