fbpx

Отворен ден во Радио МОФ и работилница во АВМУ утре на Деновите на медиумска писменост

-

На Деновите на медиумска писменост за утре, 28 октомври (петок) е предвидено да се одржат три одделни настани, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во Радио МОФ за утре во периодот од 10 до 12 часот е предвидено да се одржи отворен ден на тема „Како е да се биде гласот на различностите“. Сите заинтересирани млади може да дојдат, влезат и погледнат во редакцијата на Радио МОФ, да ги запознаат новинарите и уредништвото, но и да дознаат како се „готви“ новинарскиот производ. Исто така, младите ќе може да слушнат како овој мал интернет медиум и радио низ годините стана гласот на заедницата, постојано третирајќи теми поврзани со човекови права, маргинализирани заедници, граѓански активизам, ангажирана уметност и хумано живеење.

Утре со почеток во 11 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во своите простории ќе одржи работилница за медиумските потреби на лицата со попреченост. На работилницата, пред медиумските работници ќе говорат Кристијан Лазарев – автор на македонскиот асистент за читање „Кико“ и проектен асистент на Здружението „Отворете ги прозорците“, Елена Кочоска – програмска раководителка за вработување и едукација на лица со попреченост во „Полио Плус“, Љубиша Савески – професор по моден дизајн, како и директорот на АВМУ, д-р Зоран Трајчевски. Работилницата може да се следи на YouTube каналот на www.avmu.mk.

Во 17 часот, Советот за етика во медиумите на Македонија ќе одржи онлајн јавна седница на Комисијата за жалби, во рамки на одбележувањето на Деновите на медиумска писменост, на која ќе се разгледуваат тековни жалби примени во Советот за етика во медиумите на Македонија.

Комисијата за жалби ги разгледува сите пристигнати жалби поврзани со кршење на професионалните и етичките стандарди во пишаните (печат и новински агенции), електронските (ТВ и радио) и во интернет медиумите во Македонија. Седницата може да се следи преку следниот линк: shorturl.at/ajmIK.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...