„Шорткат“ на Фестивалот на инклузијата во Скопје

Во понеделникот во Скопје се одржа фестивал на инклузија, каде граѓаните имаа можност да се запознаат со креативноста на лицата со попреченост. Нашите впечатоци од фестивалот ги пренесуваме во новото издание на вестите за млади „Шорткат“.

Во новата епизода на „Шорткат“ информираме и за невработеноста која останува главен проблем за младите, за можноста за враќање на онлајн наставата, како и за новоизбраниот студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Меѓу останатите содржини, погледнете и како поминаа македонските ученички – информатичарки на Европската олимпијада по информатика за девојки, но и каква програма ќе понудат Деновите на медиумска писменост.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, а вестите може да ги гледате и на ТикТок.