fbpx

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ ќе организираат повеќе настани за време на Деновите на медиумска писменост

-

Членките на македонската Мрежа за медиумска писменост (ММП) ги претставија настаните кои ќе се одржат во рамки на Деновите на медиумска писменост 2019. Граѓаните ќе можат да учествуваат во триесетина различни активности во периодот од 22 октомври до 15 ноември со кои нашата земја се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

Во организацијата на Деновите на медиумска писменост 2019 се вклучија десетина членки на ММП, помеѓу кои и Фондацијата „Метаморфозис“ која во партнерство со Центарот за европски стратегии „Евротинк“ ќе организираат настани со кои ќе ја одбележат Неделата на медиумска писменост.

Координаторката од Фондацијата „Метаморфозис“, Виолета Глигороска истакна дека со „Евротинк“ заедно го спроведуваат проектот „КриТинк“.

Crithink.mk е веб-страницата која што ја стартувавме за самиот проект и нејзе ја сметаме како основен ресурс на која можат да се најдат едукативни текстови, анализи, проверка на факти. Веќе е објавен и Прирачникот за медиумска писменост кој може да послужи на граѓански организации како алатка за спроведување на обуки за поширокото граѓанство за медиумска писменост“, истакна Глигоорска.

Координаторот на „Евротинк“ Горан Лазаров информираше за настаните кои овие две организации ќе ги спроведат во рамките на Деновите на медиумска писменост.

„На 24 октомври ќе се одржи онлајн Вебинар на кој што отворено ќе зборуваме на темата Безбедност на интернет. Вториот вебинар ќе биде на 29 октомври и ќе биде на тема Борба против говорот на омраза на социјалните мрежи. На 30 октомври за претставниците на граѓанскиот сектор ќе направиме обука на четири теми Основи на критичко мислење во контекст на медиумска писменост, Употреба на методологија на проверка на факти, Борба против говорот на омраза како и Препознавање на пропаганда. Во рамки на проектот започнуваме со втората грантова шема и нашите субгрантисти ќе спроведат по еден јавен настан на 13 ноември во осум различни градови низ државата, на тема медиумска писменост“, изјави Горан Лазаров координатор во „Евротинк“.

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ ќе учевствуваат и на завршната конференција на 14 и 15 ноември во рамките на одбележувањето на Деновите на медиумска писменост.

На 14 ноември ќе биде презентирано истражувањето направено во рамките на проектот,  на 300 студенти од три универзитети, околу начинот на нивното информирање, колку критички размислуваат каква е меидумската писменост.

На 15 ноември ќе има панел дискусија на која ќе учевствуваат претставници од невладиниот, граѓанскиот сектор, медиумите на која ќе се разговара за важноста на медиумската писменост и критичко размислување.

Директорката на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) Марина Тунева изјави дека промовирањето на медиумската писменост е од огромно значење, бидејќи медиумите играат клучна улога во создавањето на јавност која е демократски освестена и има критичка улога.

„Без морална поставеноста на новинарството, нема развој на демократските процеси. Медиумите треба да се стожер на јавниот интерес и да информираат според начелата на професијата“, рече Тунева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...