вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Зоран Трајчевски | 30 резултати

Отворено 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост

октомври 24, 2023

Под мотото „Брз прст, лажни вести носи“ од денеска до 31 октомври во земјава ќе се организира 5-тото издание на Деновите на медиумска писменост од Мрежата за медиумска писменост. Организирани ќе бидат десетина панел дискусии, онлајн дебати, изложби, отворени денови во медиумите, студентски школи и јавни седници, од членките на Мрежата. Настаните ќе можат да […]

Закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат-М

јули 17, 2023

Непознато лице му упатило пораки со заканувачка содржина на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, информираа денеска од АВМУ. Настанот се случил на 13 јули, а Трајчевски заканите ги добил на својот мобилен телефон. Пораките, како што велат од Агенцијата, се пратени откако на седницата на АВМУ одржана на […]

Во караници помина расправата за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

април 6, 2023

Во тензична атмосфера и со низа забелешки од приватните комерцијални телевизии помина втората јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ). Откако си ги кажаа забелешките, претставниците на дел од телевизиите одлучија да ја напуштат денешната јавна расправа и да не ги сослушаат останатите учесници на настанот. Иван […]

Да се усогласиме со медиумската директива на ЕУ за да не изгубиме пристап до програмата Креативна Европа

јануари 25, 2023

До 31 мај годинава Македонија ќе треба да се усогласи со медиумската директива на Европската Унија (ЕУ) за да не го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини, меѓу кои е и програмата Креативна Европа. На ова денеска предупреди амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир на денешното јавно претставување на […]

Ако има пари, медиумската писменост во образованието брзо ќе стане реалност

октомври 9, 2020

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), медиумските организации и експерти сметаат дека воведувањето медиумска писменост во македонскиот образовен систем во скоро време е остварлива идеја. Таквата идеја беше промовирана од владеjачката партија СДСМ пред изборите, која предвидува примена на соодветни содржини во образовните предмети во основните и во средните училишта, почнувајќи од учебната […]

Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал

септември 25, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал. Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, […]

ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми

јули 28, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, […]

Јавните пари за политички реклами го влошија медиумското известување за изборите

јули 28, 2020

Набљудувачката мисија на ОБСЕ за предвремените избори што се оддржaа на 15 јули во Северна Македонија има сериозни забелешки за начинот на известување на медиумите во текот на изборната кампања. „На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии“, стои […]

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

јули 9, 2020

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да ги повикаат граѓаните да гласаат за нив и при тоа ни […]

ААВМУ мониторира 14 медиуми, регистрирано едно прекршување кај политичките реклами

јуни 30, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врши мониторинг на изборното медиумско претставување на 14 медиуми, како и мониторинг на платеното политичко рекламирање за изборите на 15 јули на сите радиодифузери од Регистарот на медиуми на ДИК. На денешниот јавен состанoк, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски посочи дека на првиот ден од изборната кампања, […]

Османи: Медиумите имаат огромна улога во демократскиот изборен процес

јануари 23, 2020

Медиумите и нивната улога во изборниот процес со цел да се обезбедат предуслови за фер и демократски избори и медиумската кампања, беа темите за кои денеска разговараа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (АВМУ) Зоран Трајчевски. – Овие избори ќе бидат први парламентарни избори каде што […]

Трајчевски: Медиумите да не заземаат страни за време на референдумот

јули 31, 2018

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски на денешната прес-конференција повика медиумите за време на референдумот да известуваат професионално, да не заземаат страни при известувањето како и да не се води пропаганда дека се урива Уставот на РМ. – Очекуваме непристрасно и ненаметливо известување. Медиумите да не го наметнуваат своето мислење […]

ААВМУ мора да се трансформира во вистински независен регулатор

февруари 22, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) мора да стане вистинско независно регулаторно тело за медиумите, со право да носи политики, и без какво било мешање на Собранието на Република Македонија и Владата, порача Дејан Георгиевски, извршен директор на Центарот за развој на медиуми на денешната презентација на петтиот мониторинг извештај за работата на […]

Трајчевски: Порталите нема потреба да се регулираат, туку само да се регистрираат

декември 22, 2017

Невозможно е регулирање на интернет порталите, порача Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешниот јавен состанок на кој ги презентираше активностите за четвртото тромесечје со фокус на медиумскиот мониторинг за локалните избори. – Не станува збор за регулирање, туку најмногу за регистрирање и нотификација. Сметаме дека е невозможно […]

Советот на ААВМУ едногласно го отфрли барањето да се одземе лиценцата на ТВ „24 Вести“

декември 5, 2017

Едногласно, иако претходно имаше одредени дилеми кај некои членови, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната седница го одби барањето од „Канал 77“ да се одземе лиценцата на телевизијата „24 Вести“. Прифаќајќи ја информацијата од стручните служби, Советот го отфрли барањето на предлагачот, чиј идентитет се криеше до самиот крај […]

Останувањето на Трајчевски на чело на ААВМУ е сензитивна тема, вели Османи

ноември 24, 2017

Европската комисија и Владата се многу сензитивни во поглед на каков било реваншизам врз партиска и политичка основа, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, прашан дали има препорака од Европската Унија, за директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, и понатаму да остане на челната функција на агенцијата. – Целта на реформата на јавната администрација е таа […]

Трајчевски: Не планирам да поднесам оставка на барање на политичка партија

октомври 30, 2017

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелно услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, денеска ги отфрли обвиненијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и барањето да си поднесе оставка од раководната позиција. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги работи во согласност со законите и не постои притисок врз медиумите. Не планирам да поднесам оставка на […]

Трајчевски: За овие избори медиумите известуваат порамномерно и попрофесионално

октомври 12, 2017

За овие локални избори медиумите известуваат далеку порамномерно и попрофесионално во споредба со претходните два изборни циклуси, каде беше забележано нерамномерно известување и воочлива координација, рече директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на денешната дебата на тема „Известување на медиумите во изборна кампања, искуства и предизвици“, што се одржа […]

ААВМУ, АЕК и медиумите да се заштитат од политичко мешање

септември 28, 2017

Да се донесат законските измени со кои се предвидува двотретинска согласност на парламентарците при именување  на членовите на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и да се намали  рекламирањето на власта, пред се на локално ниво, во електронските медиуми и да се елиминира можност за политичко влијание во медиумите, се едни од главните […]

АВМУ вели дека не сака да зависи од Владата, невладините денеска ќе кажат што не одговара

септември 28, 2017

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, вчера порача дека со укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата од страна на bуџетот ќе се наруши независноста на оваа институција. Денеска неколку невладини организации ќе презентираат извештај токму за АВМУ. – Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето од буџетот значи целосно уривање […]

Страна 1 од 2