fbpx

Рикер: САД ќе ѝ помагаат на земјава во борбата против дезинформации

Рикер во интервјуто вели дека САД се свесни оти сите земји во регионот се соочуваат со истите предизвици во однос на дезинформациите што ги објавува Путин и Русија

-

Северна Македонија и САД за време на посетата на премиерот Димитар Ковачевски го потпишаа Меморандумот за разбирање меѓу двете земји во борбата против дезинформации. Поранешниот американски амбасадор во земјава и помошник државен секретар на САД, Филип Рикер во интервју за Гласот за Америка зборува за начинот на кој САД можат да ѝ помогнат на земјава да се справи со руското влијание во делот на дезинформациите.

„Посетата на премиерот овде на Вашингтон беше одлична можност прв да потпише еден од овие договори, што само ќе им овозможи на нашите две влади да работат заедно за да се справиме со предизвикот на дезинформациите во оваа ера на современи медиуми“, вели Филип Рикер.

Тој додава дека потпишаниот Меморандум за разбирање на премиерот Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин е многу важен, стратешки документ.

Рикер додава дека еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации.

„Живееме во ера на технологија што прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно“, вели Филип Рикер во интервјуто за Гласот за Америка.

Рикер во интервјуто вели дека САД се свесни оти сите земји во регионот се соочуваат со истите предизвици во однос на дезинформациите што ги објавува Владимир Путин и Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...