среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: паркирање | 26 резултати

Узурпиран паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“, Општина Чаир дозволува парите на граѓаните нелегално да завршат во приватни џебови

јуни 3, 2023

Позади објектот на поликлиниката во Бит Пазар граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост и се узурпирани. Парите на граѓаните наместо во касата на болницата, општината или државата, незаконски завршуваат во џебовите на приватни лица. Со години наназад општина Чаир и општинските инспектори дозволуваат да се одвива […]

Општина Тетово воведе зонско паркирање, половина на улица половина на тротоар

септември 20, 2022

Отежнато е минувањето за пешаците по тротоарите во горниот дел од улицата „120“, кај Зеленото пазарче во Тетово, бидејќи покрај узурпацијата од страна на тамошните продавачи, Општина Тетово со согласност на СВР Тетово воведе зонско паркирање кое половината е на тротоар. Од СВР Тетово велат дека пред да биде ставен во функција, ќе се провери […]

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје само себе си се демантира

август 4, 2022

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје испрати демант на веста со наслов: „’Градски паркинг’ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места“, која што ја објави новинската агенција Мета на 1 август годинава на следниов линк: https://meta.mk/gradski-parking-lani-izdal-nad-15-000-novi-besplatni-dozvoli-za-parkiranje-a-otvoril-samo-38-parking-mesta-infografik/. Од ова скопско јавно претпријатие обвинуваат дека новинската агенција Мета намерно спинува […]

Порталб: Ганиу сѐ уште не го исполнил ветувањето за катни гаражи во Чаир

февруари 25, 2022

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, повеќе од четири години ветува изградба на катни гаражи. Откако во првиот мандат не го исполни ова ветување, во пресрет на изборите за втор мандат, Ганиу повторно излезе со истото ветување за изградба на катни гаражи, пишува Порталб.мк. Висар Ганиу рече дека проектот ќе се реализира во соработка со бизнисменот […]

ЈП „Градски паркинг“ ќе ги намали цените за паркирање во Скопје – од 1 март

јануари 29, 2022

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје вчера донел одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март годинава. Со оваа одлука, цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од […]

„Градски паркинг“ ќе го средува хаосот на паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

јануари 15, 2022

Тројца вработени во „Градски Паркинг“ заедно со вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје од понеделник ќе прават ред и ќе го организираат паркирањето во кругот околу болниците. Истовремено, јавното претпријатие се обврза да постави и дополнителни патокази за известувања со цел подобра организација на паркинг просторот, а во иднина во соработка со Градот […]

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

декември 30, 2021

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, соопштија денес од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). Така, на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите […]

Еколошките активисти од Зелен хуман град бараат транспарентност на Планот за одржлива мобилност на Скопје

септември 9, 2021

Еколошките активисти од Зелен хуман град бараат транспарентност во изработката на Планот за одржлива мобилност на Скопје (SUMP). Овој пан, според објавата на тендерот, треба да ги интегрира јавниот превоз, намалувањето на моторниот сообраќај, паркинзите, пешаците, реалокација на постоен автомобилски простор кон одржлива мобилност, возењето велосипед, пристапноста за лицата со посебни потреби, постарите, децата, лицата […]

Порталб: Градските автобуси за Тетово шест месеци „спијат“ на паркинг

јуни 22, 2021

Додека директорот на ЈП „Тетово Транспорт“, Дарко Спировски, чека нов сообраќаен режим во Тетово за автобусите да започнат да сообраќаат, бидејќи, според него, во моментов нема услови за тоа, Секторот за сообраќај во Тетово не размислува за такво нешто. Од таму нагласуваат дека режимот е подготвен пред две децении, а, иако признаваат дека ќе има […]

Град Скопје во среда треба да одлучи дали ќе го одобри поскапувањето на паркинзите

декември 7, 2020

На седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи во среда, советниците ќе треба да одлучат дали ќе го прифатат барањето за поскапување на паркирањето на паркинзите со кои раководи Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје. Претпријатието бара еден час паркирање во зона А наместо 45 да биде 50 денари, во зона Б […]

Изедначувањето на цената за паркирање допрва ќе се договара меѓу ПОЦ, Градски паркинг и АДСДП

јануари 17, 2020

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) постојано е во комуникација со Град Скопје и АД за станбен и деловен простор, но засега нема конкретен договор за изедначување на цената за паркирање во центарот на Скопје. Откако ПОЦ ја зголеми цената за паркирање на 70 денари за еден час на нивните паркинзи, граѓаните почнаа да реагираат […]

Во Тетово два километра со автомобил се возат половина час (ВИДЕО)

јануари 8, 2020

Растојанието од два и пол километри за новогодишните празници за тетовци се претвори во 20 до 30 минути минати во автомобил, а завршувањето на овој потфат значи нови главоболки, бидејќи кога ќе стаса, започнува „борбата“ за наоѓање место за паркирање. Преоптоварениот сообраќај во Тетово го зголемува загадувањето на воздухот, бидејќи повеќето од возилата се од […]

Од среда паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

јануари 3, 2020

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ)” денеска соопшти дека од 8 јануари, среда, паркирањето за еден час ќе чини 20 денари повеќе отколку досега. Цените, пак, на месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти. „Во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се […]

Нема анализа колку паркинг места му фалат на Скопје

декември 4, 2019

Градот Скопје активно го следи проблемот за недостигот на паркинг места низ главниот град, но досега немаат направено анализа за тоа колку места за паркирање недостасуваат во Скопје иако скопскиот градоначалник Петре Шилегов пролетва изјави дека на главниот град му недостигаат околу 8.000 паркинг места. Градските власти изработиле физибилити сообраќајна студија за паркирањето на подрачјето […]

„Градски паркинг“ за 4 години заработил над 1,7 милиони евра од паркингот во Клинички центар (инфографик)

декември 2, 2019

Над 1,7 милиони евра заработило јавното претпријатие „Градски паркинг“ во изминативе 4 години од управувањето со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Податоците од годишните извештаи за работењето на ова претпријатие за периодот 2015 – 2018 година покажуваат дека овој паркинг му носи најголеми приходи во споредба со било кој друг […]

Пропадна првиот, ќе се распишува втор тендер за изградба на монтажни гаражи на Клинички

октомври 31, 2019

Ниту една компанија не пројавила интерес за да ги гради двете монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар – Скопје. Од Министерството за здравство за „Мета.мк“ информираат дека ниту една понуда не пристигнала на јавниот оглас за доделување на договор за јавно – приватно партнерство, којшто беше распишан на почетокот од август годинава. Ова значи дека […]

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

август 8, 2019

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и […]

Проблемот со паркингот на Клинички ќе се решава со монтажни гаражи преку јавно-приватно партнерство

август 7, 2019

Нова монтажна катна гаража ќе никне на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија, и уште една спроти Клиниката за трансфузиологија. Министерството за здравство отвори постапка за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни монтажни гаражи, кои се очекува да го решат проблемот со паркирањето на клиниките. Министерот Венко Филипче за Мета.мк вели дека […]

Паркинзите на ЈП ПОЦ бесплатни за Велигденските празници

април 25, 2019

Од утре, 26 април, до понеделник, 29 април, паркирањето на паркинзите со кои управува ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) ќе биде бесплатно за сите граѓани, поради Велигденските паразници, соопштија од јавното претпријатие. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи во вторник, со вообичаено работно […]

ЈСП апелира граѓаните прописно да паркираат на Водно, за автобусите да можат да возат

февруари 1, 2019

Во пресрет на претстојниот викенд, од ЈСП апелираат граѓаните кои планираат да го посетат Водно со автомобили, да се паркираат прописно на обележаните паркинг-места, за автобусите непречено да возат до крајната станица на Средно Водно. „Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа […]

Страна 1 од 2