fbpx

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

-

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи.

Реакцијата следи по најавата дека две нови монтажни катни гаражи ќе бидат изградени во комплексот клиники до Нова година.

– Министерот ни вети во јануари дека ќе бидат изградени тие две катни гаражи и дека така ќе ни олесни нам вработените да не ги плаќаме сегашните 800 денари месечно за паркинг. Ова е наше работно место, и не е во ред да мораме да издвојуваме толкава сума пари, тоа создава револт. Ни ги зголемија платите за пет проценти, кои ни ги земаат откако ја зголемија цената за паркирање. Луѓето од обезбедување, хигиеничарите, некои во администрацијата, не го достигнуваат ни минимумот плата, а мораат да плаќаат 800 денари за паркинг – вели д-р Беговиќ.

Планираното покачување на паркинг-местото во кампусот клиники „Мајка Тереза“ најмногу ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто-плата изнесува 17.883 денари, односно 12.503 денари нето. Синдикалците во декември реагираа дека на овој начин оваа категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.

Кога се случи најавата за поскапување на билетот од 300 на 800 денари, некои доктори предлагаа тие пари да одат во посебен фонд на Министерството за здравство, наместо во Град Скопје, а потоа да се користат за набавка на инсулин или зa други потреби на пациентите.

Вработените на Кличички центар, велат дека најдобро решение за олеснување на пристапот за пациентите е да има посебен одделен влез за вработени одделен за пациенти и секако за Ургентниот центар. Исто така, велат, за полесно снаоѓање на пациентите добра пракса е на влезот да им бесплатни мапи на комплексот клиники.

Како што објави Мета.мк, во Клинички центар ќе има две нови монтажни катни гаражи. Едната ќе се наоѓа на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија, и уште една спроти Клиниката за трансфузиологија. Министерството за здравство започна постапка за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни монтажни гаражи, кои се очекува да го решат проблемот со паркирањето на клиниките. Министерот Венко Филипче за Мета.мк рече дека се очекува до Нова година гаражите да бидат функционални и ставени во употреба.

– Добро е што иако се монтажни, има можност понатаму и да се надградат, бидејќи може да се стави една форма на темел и да се монтираат спратови. Критериум ќе биде цена за час паркирање и цена за картичка за вработени. Почнуваме со негативна аукција од 500 денари за месец, за да им излеземе во пресрет на вработените, што значи дека може цената да падне и на 300, па и 200 денари за паркирање за вработените за цел месец – рече министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...