fbpx

Во Тетово два километра со автомобил се возат половина час (ВИДЕО)

-

Растојанието од два и пол километри за новогодишните празници за тетовци се претвори во 20 до 30 минути минати во автомобил, а завршувањето на овој потфат значи нови главоболки, бидејќи кога ќе стаса, започнува „борбата“ за наоѓање место за паркирање. Преоптоварениот сообраќај во Тетово го зголемува загадувањето на воздухот, бидејќи повеќето од возилата се од ниски еколошки категории и загадуваат енормно. Можности за решавање на овој децениски проблем постојат, но нема волја од релевантните институции, пишува „Порталб.мк“.

Со доаѓањето на печалбарите, како во случајот со новогодишните празници, сообраќајниот хаос во Тетово дополнително се влошува. Не случајно во овој период се регистрира високо ниво на отровни честички во воздухот.

Новинарот на „Порталб.мк“ го поминал патот од Универзитетот во Тетово (УТ) до плоштадот „Илирија“, долг околу два и пол километри и се уверил дека за да се стигне до центарот на градот се потребни околу 20 минути, не сметајќи го времето на наоѓање паркинг-место.

Според Аријанит Џaфери од невладината организација „Еко герила“, оваа состојба има огромно влијание врз загадувањето на воздухот, затоа што според него, повеќето од автомобилите што се движат по тетовските улици се без никакви еколошки стандарди.

-Голем дел од возилата на тетовските улици се без никакви еколошки стандарди и нема сомнение дека загадувањето ќе биде поголемо. Освен тоа, на главните улици на градот е предвидено да се движат по две возила со просечна брзина до 30 км/час (во град) но реално се движи по едно возило, а зад нив се формира колона од неколку километри, поради возило кое се движи едвај со брзина од 5 – 10 км на час поради паралелното паркирање или застанување во несоодветни места. Сето ова има директно влијание врз зголемувањето на загадувањето на воздухот – вели Арианит Џафери.

Од 2017 година досега, градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, пред Порталб.мк и Вистиномер.мк има дадено ветување дека ќе го отвори булеварот „Благоја Тоска” кој што е претворен во паркинг. А пред не повеќе од 5 месеци, беа обезбедени средства во висина од 1 милион евра за продолжување на индустрискиот булевар, што исто така досега остана само ветување.

Пред 2 години Арифи, за булеварот „Благоја Тоска“, велеше дека ќе се отвори до крај на таа година, но само 1 ден пред почетокот на 2020 година таа за Порталб.мк вети дека ќе го отвори индустрискиот булевар, додека за „Благоја Тоска“ не беше многу оптимистка.

-Индустрискиот булевар апсолутно може да се очекува да се отвори во 2020 година и таму немаме никакви проблеми, се надевам дека ќе се движиме побрзо во постапката за отворање на булеварот – рече Арифи.

Од друга страна, една од најголемите причини за овој проблем е недостигот на места за паркирање. Додека бројот на автомобили регистрирани во Тетово минатата година беше над 40.000, бројот на паркинг места беше само 1.000, што значи дека разликата помеѓу бројот на возила и бројот на места за паркирање е околу 39.000.

Градоначалничката Арифи за Порталб.мк и Вистиномер.мк вети проширување на зонското парирање односно, во мај 2018 година таа рече дека испратила барање до Министерството за внатрешни работи во врска со ова, но дека иако од тогаш се сменети двајца министри, одговор сè уште нема.

-Не, сè уште немаме добиено одговор од Министерството за внатрешни работи, иако барањето го имаме доставено одамна. Како и да е, наша тенденција ќе биде да продолжиме да создаваме повеќе места за паркирање и да го прошириме нашето зонско паркирање  – вели градоначалничката на Тетово.

Покрај отворањето на два булевари и проширување на зонскиот паркинг, како и создавање на нови паркинзи, решение за овој проблем би било и воведување велосипеди за изнајмување, без станица, слично како во Тирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...