fbpx

„Градски паркинг“ за 4 години заработил над 1,7 милиони евра од паркингот во Клинички центар (инфографик)

-

Над 1,7 милиони евра заработило јавното претпријатие „Градски паркинг“ во изминативе 4 години од управувањето со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Податоците од годишните извештаи за работењето на ова претпријатие за периодот 2015 – 2018 година покажуваат дека овој паркинг му носи најголеми приходи во споредба со било кој друг јавен паркинг со кој стопанисува „Градски паркинг“ низ главниот град.

Погледнато низ годините, најмногу приходи од дневен промет и од претплата на паркингот во Клинички центар се остварени во 2016 година – над 470.000 евра. Најниски приходи од околу 414.000 евра биле регистрирани во 2015 година. Актуелните податоци за 2019 година покажуваат дека највисок пораст на приходите од скопските паркинзи е забележан токму на паркингот во Клинички центар, што се должи на зголемувањето на цената за паркирање за вработените.

„И покрај зголемувањето на цената на услугата, не е намален интересот за користење на услугата, бројот на корисници останува речиси ист оттука, и приходите на ова јавно паркиралиште се најзабележителни“, се вели во Извештајот за работењето за првите девет месеци од годинава на ЈП „Градски паркинг“.

И покрај високите приходи што ги остварува овој паркинг, властите засега не успеаја да изградат монтажни катни гаражи за да го решат проблемот со недостатокот на паркинг места во кругот на Клинички центар – Скопје. Со години наназад се ветуваше изградба на објекти што ќе го зголемат капацитетот на паркинг места, но Министерството за здравство дури годинава распиша постапка за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изведба на две монтажни гаражи.

Првичниот оглас од август годинава пропадна, поради тоа што ниту една компанија не доставила понуда за да ги изгради двете монтажни гаражи. Вториот повик за пронаоѓање приватен партнер што би ги градел објектите за паркирање треба допрва да се распише, а од Министерството за здравство за „Мета.мк“ тврдат дека повикот ќе се објави најбрз можен рок.

– Ги охрабруваме сите економски оператори да земат учество во текот на техничкиот дијалог, со свои забелешки и предлози по што комисијата соодветно ќе одговори, а сѐ со цел јавната набавка за воспоставување јавно – приватно партнерство за изградба на катни гаражи во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ овој пат да биде успешна – велат од ова министерство.

Инвестицијата во двете монтажни катни гаражи би чинела 30 милиони денари, што е всушност речиси еквивалентно на годишниот приход што го заработува ЈП „Градски паркинг“ од дневниот промет и претплатите за паркингот во кругот на Клиничкиот центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...