Почнува зимскиот распуст, учениците назад во училиште на 22 јануари

Оваа учебна година за прв пат учениците ќе одат и на пролетен распуст, кој ќе започне на 29 април и ќе трае до 5 мај

Photo by Scott Webb on Unsplash

Денеска е последниот ден од првото полугодие на оваа учебна година. Основците и средношколците заминуваат на зимски распуст, кој ќе трае до 21 јануари, односно, тие треба да се вратат на 22 јануари во училишните клупи.

Она што е ново оваа учебна година, е дека се воведува пролетен распуст кој ќе започне на 29 април и ќе трае до 5 мај. Поради тоа се поместува и крајот на учебната година, која ќе трае до 17 јуни. Сепак, ова нема да важи за средношколците кои ќе завршат со настава на 12 јуни.