И случајот „Топлик“ на Миле Јанакиески замина во историјата со измените во Кривичниот законик

Со одлуката на Апелација, шестмината кои првостепено беа осудени за „Топлик“, на повтореното судење ќе бидат ослободени, бидејќи делата им застареа уште во февруари годинава

-

Точно седум години откако беше отворена истрагата за предметот „Топлик“, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата, а со тоа предметот поврзан со Сончев Град доби апсолутна застареност, согласно новите измени во Кривичниот законик.

Со одлуката на Апелација, шестмината кои првостепено беа осудени за „Топлик“, на повтореното судење ќе бидат ослободени, бидејќи делата им застареа уште во февруари годинава. Со стариот Кривичен законик, делата застаруваа за 40 години, а со новите измени – за 10, со што практично застаруваат сите дела направени пред 2013 година.

Првообвинет за случајот „Топлик“ беше ексминистерот за транспорт врски, Миле Јанакиески.

Предметот се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште. Делото злоупотреба на службената положба и овластувањето за кое се товареа Јанакиески и уште петмина обвинети е сторено од 3 април 2007 до 18 февруари 2013, што значи дека апсолутна застареност настапила во февруари 2023 година.

Со новите измени во Кривичниот законик вчера застаре и делото за масовното прислушување „Таргет Тврдина“.

СДСМ го отвори предметот, СДСМ и неславно го затвори скандалот со масовното прислушување

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...