fbpx

Гардијан: Русија регрутира Срби за да се борат во Украина

Антивоени свиркачи успеале да објават листа на која се гледаат плановите на Москва да вклучи стотици Срби за да се зајакне руската војска

-

Руските власти се обидуваат да регрутираат Срби кои ќе се борат за нејзината армија во Украина, како еден од начините на Кремљ да ги надополни изгубените сили на фронтот, пишува весникот Гардијан во обемна сторија на темава.

Од почетокот на војната во Украина, Русија воведе низа закони за да ги намами странските граѓани да се приклучат на нејзините редови. Владимир Путин, на безбедносен состанок веднаш по инвазијата на неговите војници врз Украина рече дека Кремљ треба да им помогне на луѓето од странство кои планираат да се борат на страната на Русија.

Оттогаш, рускиот лидер потпиша наредба за намалување на минималната должина на договорен воен рок за странци од пет на една година и понуди брза регрутација на неруски борци.

Иако бројот на регрутирани Срби досега не се чини дека е доволно значаен за да се направи опиплива разлика на бојното поле, акциите на Москва ризикуваат да ги заострат нејзините односи со Србија, еден од ретките нејзини сојузници на запад.

Предводник на српската шема за регрутирање, план кој се чини дека е смислен во текот на летото е Давор Савичиќ, Србин кој поминал години борејќи се како дел од првиот упад на Русија во Украина во 2014 година.

Савичиќ е поврзан и со паравоената група Вагнер. Новинската куќа Фонтанка објави дека тој претходно се борел во Сирија со Вагнер. Два извори блиски до паравоената група ја потврдија претходната вмешаност на Савичиќ за Гардијан.

Сервисот на руски јазик на Би-Би-Си, кој минатата недела првпат известуваше за српската шема за регрутирање, соопшти дека дошле до приватна снимка од средбата меѓу Савичиќ и неименувани официјални лица во Москва, на која Савичиќ рекол дека планира да регрутира до 1.000 српски државјани кои би формирале свој баталјон како дел од 106-тата воздушно-десантна дивизија на Русија.

Руското Министерство за одбрана не било веднаш достапно за коментар за весникот Гардијан.

Останува неизвесно колкав бил точниот број на Срби кои потпишале договор со руската војска.

Орден Республики, антивоена руска група на свиркачи споделила со Гардијан список со 13 Срби кои, наводно, се пријавиле во руската војска од септември.

„Досега сме околу 60-70 мажи“, изјавил еден од Србите на списокот, кој исто така отпатувал од Србија во Москва во септември, додавајќи дека потпишал со „106-та воздухопловна дивизија“.

Човекот рекол дека одлучил да се приклучи на руската војска од „идеолошки причини“ и дека профитабилните воени исплати играле „второстепена улога“.

Инаку, регрутирањето српски државјани од Русија за војната во Украина ризикува да поттикне тензии меѓу Москва и Белград. Минатиот јануари, претседателот на Србија Александар Вучиќ луто реагираше на руското видео, кое тврдеше дека покажува српски доброволци кои тренираат да се борат заедно со трупите на Вагнер во Украина.

„Зошто вие, од Вагнер, повикувате некого од Србија кога знаете дека тоа е спротивно на нашите правила, праша претседателот Вучиќ, повикувајќи се на законот кој им забранува на Србите да учествуваат во конфликти во странство.

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ исто така ги предупреди Србите да не се приклучат на руските редови. И покрај ова, повеќе од дваесетина српски националисти оттогаш беа кривично гонети поради ова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...