fbpx

Практикувањето на христијанството во Израел е слободно

Христијанството е третата најголема религија во Израел, после јудаизмот и исламот. На крајот на 2022 година, христијаните формираа 1.9 проценти од израелската популација, броејќи околу 185 илјади. Седумдесет и пет проценти од христијаните во Израел се арапски христијани

-

Во објавата се пропушта контекстот, бидејќи не се наведува дека овој предлог-закон не е усвоен и не претставува правен акт во државата Израел. Поради пропуштањето да се наведат овие информации се креира комплетно поинаква слика дека сите кои тврдат оти Исус Христос е Бог ќе одат три години во затвор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Сатанизмот веќе не е во завиена форма…. јавно јасно и гласно.

Потоа се споделува фотографија со наслов:

Шокантен предлог во Израел: Сите кои тврдат дека Исус Христос е Бог три години во затвор.

Меѓутоа, во објавата се пропушта контекстот, бидејќи не се наведува дека овој предлог-закон не е усвоен и не претставува правен акт во државата Израел. Поради пропуштањето да се наведат овие информации се креира комплетно поинаква слика дека сите кои тврдат оти Исус Христос е Бог ќе одат три години во затвор.

Но, што всушност се случило?

Премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, самиот за Асошиејтед прес изјави дека ќе спречи да помине предлогот на моќниот коалициски партнер во неговата влада, според кој би се казнувале христијани кои проповедаат, со казна затвор.

Предлогот предизвика бројни реакции кај евангелистите, кои се всушност едни од најмоќните и највлијателни поддржувачи на Израел во САД. Предлог-законот беше предложен во јануари од двајца ултра ортодоксни еврејски пратеници, вклучително и Моше Гафни кој го води парламентарниот финансиски комитет. Според предлогот, да убедувате некој да ја промени верата треба да се казнува со една година затвор, а ако се работи за малолетник, тогаш две години затвор,  пишува Асошиејтед Прес.

Според образложението на предлог-законот, во последно време се зголемуваат обидите на мисионерските групи, главно христијани, да наведуваат на менување на религијата.

Овој предлог-закон во Израел никогаш не напредна во некоја друга фаза отколку „предлог“, но предизвика внимание кај американските евангелисти.

Затоа, како што пишува Асошиејтед Прес, Нетанјахју изјавил:

Нема да дозволиме никаков закон против христијанската заедница.

Гафни, пак, рече дека го предложил ова решение како процедурална материја, како што правел и во минатото и немал намери да го доведе во напредна фаза.

Израел долго ја прифаќа политичката и финансиската поддршка од евангелистите и известува дека нема место за загриженост за каква било скриена религиозна агенда.

Џоел Розенберг, главен уредник на Ол Израел Њуз, ја поздрави објавата на Нетанјаху која доаѓа во време на домашни превирања.

Нетанјаху е долгогодишен и докажан пријател на глобалната христијанска заедница и неговата акција денес, среде сите други прашања на неговата „чинија“, е дополнителен доказ, рече Розенберг.

Христијанството е третата најголема религија во Израел, после јудаизмот и исламот. На крајот на 2022 година, христијаните формираа 1.9 проценти од израелската популација, броејќи околу 185 илјади. Седумдесет и пет проценти од христијаните во Израел се арапски христијани. Христијаните се 6.9 проценти од арапските жители на Израел. Вкупно 10 христијански цркви се формално признаени под израелскиот систем и тие може да се саморегулираат и имаат признание од државата за статусни прашања како брак и развод. Тоа се Ерменската апостолска црква, ерменската католичка црква, Епископалната црква на Ерусалим и Средниот исток, грчката православна црква, латинската католичка црква итн. Практикувањето на религиите во Израел е слободно, без рестрикции врз другите вероисповеди..

Израелската декларација за независност од 1948 година, ја опишува земјата како еврејска, но ги проширува религиозните слободи на сите свои граѓани, утврдувајќи дека државата Израел ќе обезбеди комплетна еднаквост на социјалните и политичките права на сите свои граѓани, независно од религијата, расата или полот, ќе гарантира слобода на религија, јазик, образование и култура и ќе ги заштитува светите места на сите религии.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во оваа објава се пропушта контекстот. Предлогот сите кои тврдат дека Исус Христос е Бог да одат во затвор, не е преточен во ефективен закон во Израел и не е на сила. Практикувањето на христијанството во Израел е слободно.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...