недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Топлик | 14 резултати

Одбраната на Јанакиески бара изземање на вештакот во „Топлик“, оти имал ќерка во СЈО

јануари 30, 2018

Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој е осомничен и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бара да се изземе вештачењето на СЈО од доказите, бидејќи ќерката на вештакот работела во СЈО. Адвокатот, Јаким Наумов, рече дека поради оваа околност, постои конфликт на интереси помеѓу вештакот и СЈО. […]

Судењето за „Топлик“ одложено заради рочиштето за „Труст“

декември 21, 2017

Судењето за „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30 јануари следната година затоа што адвокатите на осомничениот Миле Јанакиески се ангажирани за случајот „Труст“. Судијката Татијана Михајлова, по дебатата меѓу одбраната и обвинителите околу термините за судењето, реши денешното рочиште да го презакаже за 30 јануари. Истрагата „Топлик“ се однесува на изградбата на […]

Јанакиески и Кочан денеска во суд за „Топлик“ и „Труст“

декември 21, 2017

Во Основниот суд Скопје 1 денес стартува судењето за случајот „Топлик” во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во „Топлик” заедно со Јанакиески, осомничени се уште пет лица за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште. Истовремено, во судот ќе се одржи и ново […]

Прифатено обвинението од СЈО за „Топлик“

ноември 23, 2017

Основен суд Скопје 1 го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Топлик“. Во случајот осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и уште пет други вработени во Министерството за транспорт. Се товарат за незаконски постапки во врски со изградбата на „Сончев град“. На 4 ноември Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на СЈО […]

Јанакиески го прашува СЈО зошто ги повредило неговите права на приватност

ноември 4, 2017

По одлуката на Апелацискиот суд Скопје, со која ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“, со писмо до јавноста, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е обвинет во дава случаи, обвини дека […]

Апелација дозволи „бомбите“ за „ТНТ“ и за „Топлик“ да се користат како доказ

ноември 4, 2017

Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“. Првообвинет во „Топлик“ за случајот „Сончев град“ е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбениот комплекс […]

СЈО ќе се жали во Апелација за изземањето на „бомбите“ од три случаи

септември 27, 2017

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе поднесе жалба на одлуките на Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 да се издвојат „бомбите“ од случите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“. Советот проценил дека телефонските разговори се доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Република Македонија. […]

Никола Груевски останува без пасош, „бомбите“ отфрлени како докази во три случаи

септември 27, 2017

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, не го прифатил барањето на Никола Груевски да му биде вратен пасошот, објави судот на својaта веб-страница. Истовремено, прислушуваните разговори се отстранети од доказниот материјал во три случаи, со образложение дека се незаконски прибавени. Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф […]

Јанакиески: Целта на СЈО е во соработка со СДСМ да влијае на изборите

октомври 20, 2016

„Прес-конференцијата на СЈО беше без никакви аргументи. Без никакви, ама баш никакви основи, ниту презентирани документи“, изјави денеска поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. – Целта на СЈО е во соработка со СДСМ да влијае на изборите, но граѓаните на Република Македонија тоа ќе го препознаат и ќе дадат силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. […]

СЈО отвори истраги за Сончев град и за тендери на Министерството за култура

октомври 20, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори две нови истраги, „Топлик“ и „Тендери“. Истрагата „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата Сончев град, за која поради недостатоци настанати при склучување на договорот за нејзина изградба, буџетот бил оштетен за околу еден милион евра. За овoј случај, според СЈО, постои основан сомнеж дека раководно лице во Министерството за транспорт и […]

Страна 1 од 1