fbpx

СДСМ го отвори предметот, СДСМ и неславно го затвори скандалот со масовното прислушување

Премиерот Ковачевски одби да даде негов став во однос на застарувањето на еден од највисоко профилните судски предмети во историјата на правосудството - масовното прислушување, скандал кој го отвори токму СДСМ, партијата од каде што тој доаѓа, а токму и со таа цел беше формирано СЈО

-

Премиерот Димитар Ковачевски одбива да даде негов став во однос на застарувањето на еден од највисоко профилните судски предмети во историјата на правосудството – масовното прислушување, скандал кој го отвори токму СДСМ, партијата од каде што тој доаѓа, а токму и со таа цел беше формирано Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот „Таргет-Тврдина“ вчера и официјално беше затворен поради апсолутна застареност, а како последица на новите измени во Кривичниот законик, со кои наместо за 40 години, предметите кои се однесуваат на злоупотреба на службата и злосторничко здружување, отсега ќе застаруваат за 10 години.

Откако се донесоа законските измени, без јавна дебата, по скратена постапка и со европско знаме, а со поддршка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која обезбеди кворум на собраниската седница, речиси и да нема ден, а да не застари некој корупциски предмет што го отвори СЈО. На новите законски измени потпис не стави министерот за правда Кренар Лога, туку неговата заменичка, Викторија Аврамовска Мадиќ.

Ковачевски не го коментира конкретниот предмет, но останува на ставот дека овие измени се направени поради усогласување со европското законодавство.

„Целото решение за измени на Кривичниот законик беше направено заради усогласување со европското законодавство, а не заради одредени случаи што се наоѓаат во постапка 8, 9, 10 години. По таа теза, тоа би значело дека кај нас треба да се воведе незастарување на ништо и сите судски случаи да може да траат 50-60 години кога би биле решавани. Меѓутоа, праксата на земјите членки на ЕУ укажува на рокови што обезбедуваат судење во согласност со пракса, која нуди ефикасност за сите странки во процесот“, рече премиерот Ковачевски по денешната посета на компанијата „Вивакс“ заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Ниту евроамбасадорот Гир не сакаше да ја коментира комплетната застареност на предметот за масовното прислушување, но ја искористи можноста да потсети на веќе кажаниот став за измените на Кривичниот законик.

„Европската комисија беше многу јасна во врска со измените на Кривичниот законик. Изразија длабока загриженост во врска со импликациите од самиот принцип на неказнивост поради овие измени“, рече евроамбасадорот Гир.

Гир истакна дека ставот на ЕК е многу јасен околу употребата на европското знаменце при носењето на овие законски измени и тој не е променет.

„Од наша страна можеме да кажеме дека одблиску ги следиме сите случувања кои се поврзани со судството и сите измени или последици кои што произлегуваат од измените на КЗ. Ќе излеземе со нови оценки и коментари во врска со понатамошни можни и идни развои на ситуацијата“, вели Гир.

Предметот „Таргет – Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување, беше столбот за формирањето на СЈО, откако СДСМ ги објави прислушуваните аудио разговори. Предметот застаре по пет години и девет месеци низ судските лавиринти. Во предметот беа обвинети вкупно 12 лица. Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а по 15 години затвор добија избеганите контраразузнавачи од Петтата управа, Горан Грујовски и Никола Бошковски.

Во моментов сè уште не е застарен делот од предметот којшто се однесува на уништување на опремата за прислушување.

Трошоците за овој предмет сега ќе паднат на товар на државата.

„Трошоците за кривичната постапка, трошоците што ги имале обвинетите за нивните адвокати, трошоците што настанале по повод вештачењето итн., сето тоа паѓа на товар на Буџетот и она што е најважно и лицата кои биле оштетени од незаконското прислушување и трошоците за нивно обесштетување повторно паѓаат на товар на државата“, рече обвинителката Ленче Ристоска, која го водеше случајот.

Финансиските импликации што ќе ги предизвика овој предмет врз Буџетот на државата, според обвинителката, не се воопшто занемарливи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...