Откако Уставен ги зголеми за 78 отсто, Владата ќе бара чаре да ги намали функционерските плати

Премиерот Ковачевски рече дека владата сака да постигне решение, па така работната група во која членуваат министри имаат рок до наредната недела да изработат работен материјал, кој ќе биде презентиран пред владата, а подоцна ќе биде испратен во собраниска процедура

-

Седум месеци откако Уставниот суд со одлука ги зголеми платите на функционерите за 78 отсто, од Владата најавија дека формирана е работна група која ќе работи на „поприфатливо и одржливо решение“ за платите на функционерите.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека владата сака да постигне решение, па така работната група во која членуваат министри имаат рок до наредната недела да изработат работен материјал, кој ќе биде презентиран пред владата, а подоцна ќе биде испратен во собраниска процедура.

Ковачевски изјави дека работната група ќе треба да изработи решение кое ќе биде одржливо и нема да биде повторно предмет на поништување од Уставниот суд. Премиерот додаде дека на вчерашната владина седница била отворена дискусија во однос на тоа како би требало да изгледа тој модел.

„Во текот на наредните денови министрите ќе работат, со цел да дојдат до решение коешто ќе мора да биде консултирано и од правен аспект дали е одржливо“, изјави Ковачевски.

Премиерот образложи дека решението се прави сега, а не во изминативе месеци по одлуката на Уставен суд поради тоа што таквото решение мора да биде прифатливо од правен аспект. Тој потсети дека два пати во минатото било носено решение кое паѓало на Уставен суд.

Инаку, зголемувањето на платите за 78 отсто за над 1.000 избрани и именувани функционери се случи со одлуката Уставниот суд во март годинава за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со што се одмрзнаа платите на функционерите. Нивните плати дотогаш се одредуваа со различен коефициент кој се множеше со фиксна основица од 26.755 денари.

Оттогаш, основицата е просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика.

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна апликација за...

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа категорија...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна...