недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: решение | 170 резултати

Решенијата за изолација поради ковид-19 ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ

2 февруари 2022

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок, одлучи Владата на вчерашната седница. Надлежните уверуваат дека притоа нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени […]

Истражување: Договорот од Преспа сè уште е сензитивна тема и кај нас и во Грција

16 јуни 2021

Три години од потпишувањето, Договорот од Преспа за решавање за спорот за името помеѓу Северна Македонија и Грција, сè уште е сензитивна тема за многу граѓани во двете земји. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење кое го направи канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Грција и Кипар и Грчката фондација за европска и надворешна […]

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

11 ноември 2020

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев смета дека на Балканот, кога станува збор за билатерални спорови, според неговото лично искуство од преговорите со Грција, вистинско решение постои само ако двете страни излезат како победници. „Односно кога едната внимава на другата страна и обратно“, рече заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со спорот со Бугарија […]

Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули

16 јуни 2020

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери информираше дека Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година го потпишал синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и до Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени […]

Борисов: Комисиите мора да најдат компромис за историските прашања до октомври

1 август 2019

Решивме четири историски личности кои заеднички ги чествуваме, верувам дека ќе се најде решение и за херојот Гоце Делчев, тој е личност и херој кој нѐ поврзува, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод две години од потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Тој додаде […]

Стариот охридски чинар ќе се ревитализира и заштити

14 февруари 2019

За чинарот на плоштадот „Чинар“ кој е во лоша состојба, Општина Охрид побара и доби посебна дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) за имплементација на мерките за санација и ревитализација. За таа цел, во тек е тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за […]

Канцерогениот линдан од ОХИС 50 години метастазира, секоја власт го игнорира (видео)

13 јануари 2019

Над 50.000 тони канцероген отров повеќе од половина век го уништува здравјето на скопјани и ја загадува почвата, водата и воздухот. Македонската стручна јавност веќе одамна знае за проблемот со линданот закопан во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС (Органско хемиска индустрија – Скопје). Познати се и последиците кои овој отров ги предизвикува врз здравјето […]

Гасоводот на Водно и натаму се гради надвор од прописите

3 декември 2018

Досега не е пристигнато барање од Јавното претпријатие „Македонски eнергетски ресурси“ (МЕР) до Министерството за транспорт и врски за измена во тек на градба за делот од гасоводот преку парк-шумата Водно, изјави за „Мета“ Кире Коцевски, портпаролот на ова министерство во одговор на прашањето дали МЕР, како инвеститор, има добиено дозвола за работа на изменетата траса на […]

Коѕиас: Без Договорот од Преспа не постои решение

16 октомври 2018

Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во […]

Владата со контрамерки ако Косово не ги намали царините на земјоделските производи

20 јули 2018

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, информираат од МЗШВ. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а […]

Заев: Решението е тешко, Грција доби ерга омнес име, ние добивме ерга омнес идентитет

4 јули 2018

Решението кое што го постигнавме со Грција е тешко, тешко е за мене, тешко е за мојот народ, но европската аспирација и нашата должност кон идните генерации се премногу големи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Еуроактив“. На прашањето дали опозицијата ќе го отежни имплементирањето на Договорот, Заев вели дека таа е контрадикторна односно […]

Бан Ки-мун: Се надевам дека набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји

27 јуни 2018

Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. – Сметам дека е многу охрабрувачки […]

Собранието го ратификуваше Договорот со Грција, за Заев ова е крај на трауматичен спор

20 јуни 2018

Собранието со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, го ратификуваше Договорот со Грција за решавање на спорот за името. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата и не присуствуваа на гласањето. На почетокот на расправата, премиерот Зоран Заев рече дека Договорот потпишан во Преспа е решение за спор кој три децении бил трауматичен […]

Се надевам дека договорот има широка народна поддршка, рече Лавров

13 јуни 2018

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави. – Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. […]

Спомениците ќе имаат натписи со појаснувања, химната останува иста, велат од Владата

13 јуни 2018

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ. Тој информираше дека средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи […]

Договорот и го отвора патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, вели британскиот амбасадор

13 јуни 2018

Британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет денеска го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името посочувајќи дека тоа ќе го отвори патот Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции, кон ЕУ и НАТО. – Тоа не е добро само за Македонија, туку и за регионот – рече […]

Договорот помеѓу Македонија и Грција топ тема во грчките и светските медиуми

13 јуни 2018

Светските медиуми на своите веб-страници известуваат за постигнатиот договор на премиерите на Грција и Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, притоа пласирајќи ја веста најчесто меѓу првите три главни вести. „Си-ен-ен“ во статија под наслов „Македонија постигна договор за промена на името со Грција“ пласирана во рубриката „Патувања“ пишува дека луѓето што сакаат да ја […]

Гутереш ги повика граѓаните на двете земји заедно да го придвижат процесот напред

13 јуни 2018

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во писмена изјава го поздрави договорот кој што го постигнаа Македонија и Грција за решение на спорот за името. Тој ги поздрави сите засегнати страни за нивната решеност да му стават крај на долготрајниот спор и за покажаното лидерство. Гутереш им честиташе на сите кои што конструктивно учествуваа […]

Нимиц: Чест ми е што бев медијатор, Димитров и Коѕиас покажаа лидерство и визија

13 јуни 2018

Медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатено решение што го постигнаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за повеќедеценискиот спор за името. Нимиц изрази чест што посредувал меѓу двете земји и им благодари на двајцата министри за надворешни работи кои демонстрирале лидерство, визија и решеност во преговарачкиот процес […]

Могерини, Хан и Туск им честитаа на Заев и Ципрас за покажаното лидерство и одлучност

13 јуни 2018

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето договор за спорот за […]

Страна 1 од 9