Речиси 200 обвинети функционери се засегнати од измените во Кривичниот законик

Тајмингот на носењето на измените во Кривичниот законик е нешто што претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, го посочи како клучен проблем, а во однос на застарувањето на голем број предмети по носењето на спорните законски измени

-

Тајмингот на носењето на измените во Кривичниот законик е нешто што претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, го посочи како клучен проблем, а во однос на застарувањето на голем број предмети по носењето на спорните законски измени. Во судот со кој тој раководи, како последица на овие измени, речиси секој ден застарува по некој предмет за висока корупција, меѓу кој и најобемниот – за масовното прислушување на илјадници македонски граѓани, но и амбасадори.

„Требало да се внимава на тајмингот кога тие измени требало да се одлучат. Дали е вистинскиот тајминг, не знам. Меѓутоа тајмингот за многу работи е важен, во спротивно законските измени можат да бидат контрапродуктивни. Во случајов има многу застарени предмети кои беа во финална фаза, дали требаше да се почека, не знам“, рече Џолев на денешниот брифинг со новинарите.

Најголем број предмети кои застаруваат се однесуваат на „злоупотреба на службената положба“, односно членот 353 од Кривичниот законик. Според Џолев, по овој член во судот има 36 предмети за 197 лица, а колку од нив ќе застарат зависи од преквалификацијата што треба да ја направи обвинителот. Во најголем дел од предметите, освен членот 353, има и други членови, па постапките ќе продолжат за останатите дела.

Засега застаре предметот за прислушувањето во „Таргет Тврдина“, случајот „Продуцент“, предметот за ексчленот на Судскиот совет Теофиловски, застаре и злоупотребата во „Моќник“ и уште пет други предмети.

Џолев вели дека се манипулира со јавноста кога се вели дека судските постапки траат од седум до десет години.

„Предметите на СЈО започнаа на 01.01.2018 година, сега сме октомври 2023, обична математика ако се направи ќе видите дека не станува збор за постапки кои траат од седум до десет години, туку пет години“, велат од судот.

Оттаму додаваат дека доколку Апелација постапувала мериторно, наместо да ги враќа на повторно одлучување, сега немало да се соочуваме со проблеми од ваков вид.

Според Џолев, единствена придобивка од измените на Кривичниот законик, а се во правец на забрзување на постапките, е што ќе се смени стварноста надлежност.

„Од петчлен совет, сега ќе постапува судија поединец, што прилично ќе ја олесни работата на судот, бидејќи самиот судија ќе може да даде поголема динамика, да закаже повеќе рочишта. Нема да мора дополнително да се организира, да обезбедува судии поротници и други судии“, рече тој.

Инаку, од сите предмети на СЈО, вкупно 21, сите кои започнуваат на буквата Т, плус „Насилство во Општина Центар“, три сѐ уште се во фаза на судење. Сите други имаат првостепена пресуда, а дел се правосилни, велат од судот. Само правосилните предмети нема да бидат воопшто засегнати од носењето на измените во Кривичниот законик.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...