понеделник, 20 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: Иван Џолев | 22 резултати

Врховен и Апелација одлучија да не се изземат судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

април 27, 2018

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд Скопје, Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. […]

Одбиени барањата за изземање на Судечкиот совет и на Џолев за „Тенк“

април 10, 2018

Апелацискиот суд денеска го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“, за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет од Основен суд Скопје 1 за истиот предмет. Одбраната побара да и биде даден рок за жалба, но Судечкиот совет одби, […]

Полицијата два пати го барала Чавков дома, но тој бил на друга адреса

март 30, 2018

Разликата во одлуките на Кривичниот и на Врховниот суд за мерките притвор на Митко Чавков е сосема мала и двата суда се произнеле дека треба да има мерка притвор со тоа што Врховниот суд вели „во домашни услови“, додека Кривичниот „во установа“, образложи претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев на денешниот брифинг со новинари. – […]

Џолев смета дека приведувањето на пратениците било согласно закон

јануари 26, 2018

Приведувањето и притворањето на шестмината пратеници, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година е извршено законски и не е прекршено правото на пратенички имунитет, смета претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев, потенцирајќи дека тоа е негов личен став. Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече дека треба да се прави […]

Кривичен добил 6.000 евра за нови камери, но не ги набавил поради тендерот

јануари 26, 2018

Кривичниот суд во Скопје во декември, минатата година добил 350.000 денари (околу 6.000 евра) од Судскиот буџетски совет за да набави нови камери за снимање на судењата, но немал доволно време да ја спроведе тендерската постапка. Поради ова Судскиот буџетски совет на 31 декември ги повлекол парите назад. Ова денеска на бифинг со новинарите го […]

Совети на Кривичен суд ќе утврдуваат кој исполнува услови за амнестија

јануари 26, 2018

Основен суд Скопје 1 формирал совети кои треба да утврдат дали одредени осудени лица за кои е надлежен овој Суд ги исполнуваат условите од Законот за амнестија, потврди претседателот на Судот, Иван Џолев на брифинг со новинарите. Тој рече дека бил информиран оти до Судот денеска од затворите стигнале помеѓу 50 и 100 вакви барања, […]

Кацарска ќе им суди на Груевски и на Јанкулоска за „мерцедесот“ од 600 илјади евра

јануари 12, 2018

Кривичниот суд денеска ги објави имињата на судии кои според новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев ќе ги водат предметите на Специјалното јавно обвинителство. Така, судијката Добрила Кацарска ќе им суди на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, односно […]

Џолев донел нов распоред во Кривичен, дел од предметите на СЈО ќе добијат нови судии

декември 20, 2017

Новиот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев донел нов годишен распоред на судиите, со кој, дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе добијат нови судии, јавува телевизија „Телма“ повикувајќи се на свои извори. Со новиот распоред, голем дел од досегашните судии во одделот за организиран криминал, кои ги судат предметите на СЈО, се […]

Џолев: Итни прераспоредувања нема да има, освен по исклучок

ноември 10, 2017

Новоизбраниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев денеска истакна дека ќе бара судиите да работат согласно законите и оти нема да дозволи да се врши политики притисок врз нив. Тој рече дека заедно го судиите и останатите вработени ќе работат на подобрување на угледот на судот. Прашан дали планира да направи нов годишен распоред, Џолев […]

Џолев даде заклетва и стана претседател на Основниот суд во Скопје

ноември 10, 2017

Новиозибраниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев денеска даде свечена изјава пред членовите на Судскиот совет, со што и официјално стапи на функцијата. Судскиот совет пред два дена со 11 гласа „за“ и два „против“, го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот […]

Иван Џолев е избран за нов претседател на Кривичниот суд

ноември 8, 2017

Со 11 гласа „за“ и два „против“, Судскиот совет го избра судијата Иван Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Помеѓу другите кандидати за претседател на судот беа претходниот претседател Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова. Судијата Оља Ристова ја повлекла кандидатурата за претседател на скопскиот Кривичен […]

Судиите Неделкова и Џолев најавија тужби против Судскиот совет до Управниот суд

јануари 20, 2017

Судиите Иван Џолев и Лидија Неделкова најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд заради одлуките на Судскиот совет, кој ги одбил нивните приговори во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, пишува „Алсат М“. Џолев и Неделкова велат дека нивните забелешки биле поткрепени […]

Поднесена тужба за мобинг против Панчевски

декември 28, 2016

Вработен во Кривичниот суд во Скопје пред седум дена во Основниот суд Скопје 2 поднел тужба за мобинг против поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски. – Тужбата е поднесена до овој суд на 21 декември 2016 година и таа во согласност со оперативниот систем АКМИС е распределена кај судија во одделот за работни односи, […]

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против Панчевски

ноември 25, 2016

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава што судијата Иван Џолев ја поднесе против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, со која го товараше за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Обвинителството ваквата одлука ја донело откако по „сеопфатно проучување на сите прибрани докази“ утврдило дека […]

Вработени во Основниот суд Скопје 1 му поднеле нова кривична пријава на Панчевски

ноември 21, 2016

Вработени во Основниот суд Скопје 1 поднеле нова кривична пријава против претседателот на судот, Владмир Панчевски, со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас. Во врска […]

Суд ли е ова или панаѓур, дуќанче, чешмичка?

ноември 16, 2016

Најважниот суд во земјава – Основниот суд Скопје 1, во кој, меѓу другите, се водат и најзначајните постапки за организиран криминал, изминативе десетина дена се претвори во „панаѓур“. Кривичниот суд деновиве е местото каде вработени делат правда со туркања и со тупаници, судии се пресметуваат со кривични пријави и со контрапријави, се поднесуваат претставки до […]

Панчевски ем дал исказ во Обвинителство ем му поднел контрапријава на Џолев

ноември 10, 2016

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска бил да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со кривична пријава што против него ја поднесе неговиот колега, судијата Иван Џолев. Панчевски, како што информираат од судот, откако дал исказ во обвинителството, во кој ги отфрлил како неосновани […]

Судијата Иван Џолев поднел кривична пријава против колега од Кривичниот суд Скопје

ноември 2, 2016

Судијата Иван Џолев од Основниот суд Скопје 1 поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со вилијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства, пишува „Дојче веле“. „Поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го откријам идентитетот ниту, пак, ќе ги кажам иницијалите на судијата против кој ја поднесувам кривичната пријава. […]

Страна 1 од 1