fbpx

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против Панчевски

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава што судијата Иван Џолев ја поднесе против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, со која го товараше за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Обвинителството ваквата одлука ја донело откако по „сеопфатно проучување на сите прибрани докази“ утврдило дека не станува збор за кривично дело за кое се гони по службена должност.

„За да се проверат наводите во кривичната пријава, покрај материјалните докази – списи по истражниот предмет и доставеното писмено укажување, во својство на осомничен беше испитан и претседателот на Основниот суд. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција испрати три покани до подносителот на кривичната пријава за и тој да даде исказ. Подносителот на пријавата (Иван Џолев н.з.) во својство на оштетен не се јави на поканите и не е испитан“, стои во соопштението од Обвинителството.

ОЈО Скопје, повикувајќи се на доказите, наведува дека дејството што го презел Панчевски не претставувало „реално или претпоставено влијание“ како да постапи судијата кој работел на истражен предмет, туку укажување со насоки како поефикансо да се заврши предметот.

„Даденото укажување дава насока како поефикасно и побргу да се заврши истражен предмет во согласност со законот, кој многу години не бил завршен. Воедно, со истото се бара од истражниот судија да го извести претседателот на судот за преземените активности поврзани со решавање на конкретниот предмет. Во согласност со законот, претседателот на судот се грижи за ажурно работење на судот, па неговите насоки биле со таа цел. Од ова неспорно произлегува дека укажувањето е дадено за да се активираат можни законски услови за завршување на истрагата, во согласност со одредбите од член 178, став 2 во врска со став 1 од Законот за кривична постапка, што важел во времето на донесувањето на укажувањето, а кое пријавениот како претседател на судот имал право да го преземе“, велат од ОЈО за гонење организиран криминал и корпуција.

Оттаму додаваат дека контрапријавата за лажно пријавување на кривчно дело што Панчевски ја поднесе против Џолев, веднаш по распитот од Обвинителството за организиран криминал и корупција е препратена за постапка во скопското Основно јавно обвинителство.

Судијата Иван Џолев кривичната пријава против Панчевски ја поднесе на почетокот на месецов.

Инаку и Џолев и Панчевски поднеле кандидатури за избор на нов претседател на Основниот суд Скопје, кој треба да биде избран веднаш по предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...