fbpx

Судиите Неделкова и Џолев најавија тужби против Судскиот совет до Управниот суд

-

Судиите Иван Џолев и Лидија Неделкова најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд заради одлуките на Судскиот совет, кој ги одбил нивните приговори во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, пишува „Алсат М“.

Џолев и Неделкова велат дека нивните забелешки биле поткрепени со факти, а при оценувањето не биле земени предвид сите фактори.

„Судскиот совет ме извести дека мојот приговор за вонредното оценување е неоснован. Укажав дека при бодувањето направена е математичка грешка. Ќе поднесам тужба до Управниот суд“, изјавил Џолев за „Алсат М“.

Судијката и поранешна претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, потврдила дека од Судскиот совет добила одговор дека нејзиниот приговор е одбиен и дека ниту една од нејзините забелешки за начинот на оценување не била прифатена. Советот не ги зел предвид ниту научните трудови што Неделкова ги објавила во влијателни списанија.

„Нема друг правен лек. Останува да се поднесе тужба до Управниот суд за начинот на кој сум оценета“, изјавила Неделкова.

Покрај Џолев, кандидати за нов претседател на Основниот суд Скопје 1 се доскорешениот претседател на судот, Владимир Панчевски, и судијата Владимир Туфегџиќ, додека за претседателското место во највисокиот суд во државата, покрај Неделкова, која оваа функција ја извршуваше до 4 декември 2016 година, се и поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова (во моментов в.д. претседател на Врховниот суд) и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...