fbpx

Дирк Јан Коп: Ги сакате парите на ЕУ, ама не и вредностите

Што правите вие освен што натрупавте изговори за исполнување на барањата за членство? Зошто вие не ги извршивте потребните реформи пред 15 години како другите земји?, праша холандскиот амбасадор

-

Корупцијата „ги изеде“ парите од ЕУ, a непотизмот и понатаму владее. Изговорите го заземаа местото на реформите и затоа сега Унијата чека на Македонија, а не обратно. Вака холандскиот амбасадор во земјава испрати остри критики и јасни пораки до надлежните во земјава, на регионалната експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“, во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“.

„Не може во ЕУ, ако ги сакате само парите на ЕУ, а не и вредностите. Што правите вие освен што натрупавте изговори за исполнување на барањата за членство? Зошто вие не ги извршивте потребните реформи пред 15 години како другите земји? Слушам дека Европската Унија е виновна и дека членството е заедничка одговорност, како и тоа дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нè оставате нас да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?“, праша амбасадорот.

Ова не е прв пат амбасадорот Јан Коп да упатува сериозни критики за реформските процеси во земјава. Тој и претходно има изјавено дека недостига политичка волја.

Денеска пред присутните се обрати и вицепремиерката Грковска, која зборуваше за влијанијата во правосудството, како една од најболните точки во реформскиот пат кон ЕУ.

„Обременоста со историја на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои на овој или оној начин профитираат од тој наратив, и денеска се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси кон кои сме насочени. Од позицијата на која сум, добро знам кои се болните точки и колку е тешко тие да се надминуваат во услови на константни и комбинирани кризи“, рече Грковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...