Измените во Кривичниот законик го застареа и предметот против Ивона Талевска

Станува збор за случајот познат како „Продуцент“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во кој беа обвинети поранешната новинарка во ТВ Сител Ивона Талевска, и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски

-

Уште еден предмет застаре, како последица на носењето на измените во Кривичниот законик. Станува збор за случајот познат како „Продуцент“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во кој беа обвинети поранешната новинарка во ТВ Сител Ивона Талевска, и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски.

„Јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање на кривичната постапка поради измените на Кривичниот законик. Судот донесе решение со кое ја запре постапката поради настапување на апсолутна застареност на кривичното гонење“, објави Коалицијата за правично судење.

Поранешниот министер Димовски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Талевска за помагање во истото дело. Стануваше збор за спорен договор од околу 50.000 евра, склучен без да се распише тендер, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со „Смарт центар“ за изработка на телевизиски прилози кои беа емитувани во емисијата „Боја на парите“ на ТВ Сител во периодот 2009-2010 година, каде водител беше Талевска.

Пред неколку дена, со новите измени во Кривичниот законик застареа делата на 10 обвинети за случајот „Моќник“. Со ова, Антонио Милошоски се спаси од едно обвинение, за делото злоупотреба на службената положба. Милошоски беше еден од 13-те обвинети за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), познат како „Моќник“. Кривичниот суд донесе решенија со кои за 10 обвинети во случајот „Моќник“ постапката се запира заради застареност, додека за тројцата обвинети, Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски судењето за кривичното дело „измама“ продолжува.

Со измените во Кривичниот законик, кои се донесоа во нетранспарентна постапка, без јавна дебата, по скратена постапка и со европско знаменце, значително се намалија казните за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и злосторничко здружување. Со ова, се намали и апсолутното застарување на делата за кои веќе има процеси, односно ако претходно предметите застаруваа за 40 години, сега застаруваат за 10. Со ова, застаруваат сите неправосилни предмети во кои делата се сторени пред 2013 година.

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс. Оваа...

„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради...