fbpx

Контраспин: Од ВМРО-ДПМНЕ гласале против измените на КЗ, но, де факто, ги поддржаа

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега креатор на јавно мислење во полза на партијата Илија Димовски искажа извртена вистина во врска со измените на Кривичниот законик од септември 2023, со кои повеќе судски дела но и тековни истраги што ги водеше поранешното СЈО и сегашното Скопско обвинителство беа стопирани поради застареност

-

Илија Димовски говори вистина кога кажува дека ВМРО-ДПМНЕ гласале против измените на КЗ кои и зададоа голем удар на антикорупцијата и злоупотребите на моќ во државата, но не кажува дека со своето присуство во Собранието и отсуството на амандмани и други трикови, де факто ги поддржаа. Од друга страна, Петре Шилегов од СДСМ, од каде ги бранеа и гласаа за измените, фрли ново светло на овие настани од пред неколку месеци, тврдејќи дека измените биле договорени помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а сметката ја плаќа СДСМ, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Во дел од дебатата за стратешки политики за водење на државата, вклучувајќи и евентуална заедничка влада помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при споменување на измените на Кривичниот законик кои одеа во полза на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков (и многу други -н.з.)Петре Шилегов од СДСМ изјави дека тие биле план на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а кој бил подржан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, на што Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави:

Спин: Не, не го поддржаа (тоа законско решение – н.з.). Против гласаше

[Извор: ТВ Телма/Вин-Вин –  И. Димовски(по 60 мин.), датум: 22.02.2024]

Контраспин: Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега креатор на јавно мислење во полза на партијата Илија Димовски искажа извртена вистина во врска со измените на Кривичниот законик од септември 2023, со кои повеќе судски дела но и тековни истраги што ги водеше поранешното СЈО и сегашното Скопско обвинителство беа стопирани поради застареност, а обвинетите и осомничените веќе не се предмет на кривичен прогон.

Во дебата на Вин-Вин на ТВ Телма во која Димовски расправаше со функционерот од СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје Петре Шилегов, во моментот кога се спомена ова прашање Шилегов излезе со тврдење дека овие измени биле договор помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, при што рече дека е „жално“ што последиците сега ги трпи СДСМ. Притоа, тој додаде – вие ги поддржавте, на што Димовски неуспешно се обиде да ја извади сопствената партија, велејќи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не ги подржале и гласале против.

Неуспешен е обидот за „ишкање на мувата од капата“, затоа што настанот се случи релативно скоро, па повеќето факти се уште свежи од овој настан, за кој на страниците на Вистиномер беа објавени најмалку 5 текста со различни аспекти, почнувајќи од првиот што беше објавен ден по гласањето во Собранието.

Целата приказна се одвиваше со фантастична брзина. Предлогот изготвен од Владата, поднесен и бранет од заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, експресно во еден ден ги помина процедурите во комисиите и на крај од денот се најде на пленарна седница на Собранието. Ниту имаше обид за спротивставување со блокада, на тој начин што опозицијата би излегла од комисиската расправа, ниту, пак, обид за поднесување амандмани, ниту пак, обид макар за пи-ар, нешто што често или постојно го практикува опозицијата во Собранието и комисиите.

Листингот од гласањето е крунскиот доказ кој како се однесувал кон овие измени и од него може да се види дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел (29 пратеници) гласала „против“, но останала во собраниската сала, со што го овозможила и кворумот за гласање. Но, десетина не гласале воопшто. Процентот кои гласале „за“ од страна на СДСМ е, исто така, многу голем, иако и таму има пратеници што не гласале. Од ДУИ гласале 9 пратеници. Интересен е податокот дека ДС и Левица, иако обезбедиле кворум, не гласале воопшто, итн.

Фото: Скриншот од дел од листата на гласање

Да потсетиме, измените им овозможија на поранешни и сегашни функционери за кои се водеа постапки да прекинат поради застарување, вклучувајќи го и клучното дело на поранешното СЈО „Таргет -Тврдина“, за тоа кој го извршил масовното прислушкување во државата. Последните две постапки прекинаа вчера, кога од кривичен прогон пред судовите беа ослободени Сашо Мијалков за „Трезор“ и поранешниот шеф на дипломатијата и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за случајот „Моќник“.

Измените беа жестоко критикувани од целата експертска јавност, вклучително и од дел од правосудниот систем, а ги критикуваа и од ЕУ.

Крајот на дебатата на Вин-Вин, фрли ново светло за тоа што било мотив на овие законски измени со кои најголема жртва останаа граѓаните поради силниот удар врз антикорупциските политики што декларативно ги води државата. Но, во секој случај изјавата на Димовски, иако фактографски е точна, таа е извртување на вистината, т.е. спин во делот дека ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржал законските измени во КЗ.

Пишува: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...