Еврокомесарот за правда загрижен за кривичните предмети кои застаруваат

Една од најострите реакции во врска со измените на Кривичниот законик од страна на меѓународната заедница дојде денеска, од страна на еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан што се одржува во Скопје

-

Една од најострите реакции во врска со измените на Кривичниот законик од страна на меѓународната заедница дојде денеска, од страна на еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан што се одржува во Скопје.

Тој изрази изненаденост и загриженост околу измените на Кривичниот законик, со кои досега застареа повеќе судски предмети за криминал и корупција. Со измените, донесени на нетранспарентен начин, освен што се предвидоа пониски казни за злоупотреба на службата и злосторничко здружување, се дозволи и апсолутната застареност на предметите да настапи наместо за 40 години – за 10 години. Со ова, во вода паднаа и голем број истраги, меѓу кои и истрагата за Скопје 2014.

Рејндерс денеска рече дека крајната оценка за ова ќе може да се види во извештајот што на осми ноември ќе биде презентиран во ЕУ, но сепак го даде и своето видување.

„Има два-три елементи тука. Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК. Треба да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка“, изјави Рејндерс, на заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.

Дополнително, посочи Рејндерс, ќе се разговара и за ефектот од тие измени и дополнувања, за тековните случаи на корупција од висок профил.

„Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување. Секако, ние сакаме да добиеме одговор, да продолжат кривичните гонења. Тоа ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа загрижени сме во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигура да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил, она што веќе го видовме изминатите месеци“, изјави тој.

Министерот Лога, министерката за правда на Шпанија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Комесарот Рејндерс денеска се изјаснија дека ЕУ и Западен Балкан ги потврдуваат своите заложби и посветеност за постигнување напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата вклучително и преку спроведување на реформите во насока на зајакнување и унапредување на независноста, ефикасноста и одговорноста на правосудниот систем како предуслов за стабилно демократско општество.

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100...

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

На големото финале на турнирот во кантер страјк „Интел екстрим мастерс Мелбурн 2025“, тимот на „Вајталити“ успеа со 3:2 да ги победи тимот „Фалконс“, тимот на македонскиот професионален играч Дамјан Стоилковски....

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во...