fbpx

Русија изгубила цела бригада војници во обидот да го опколи градот Авдивка

Русија почна од средината на октомври годинава да го опколува овој град во Донецкиот регион и во континуитет ги гаѓа украинските позиции со артилерија

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската војска изгубила број на војници голем колку една бригада во обидот да го опколи украинскиот град Авдивка, пишува Гардијан.

Русија почна од средината на октомври годинава да го опколи овој град во Донецкиот регион и во континуитет ги гаѓа украинските позиции со артилерија.

„Агресорите направија неколку обиди да ја опколат Авдивка, но секој пат нашите војници ги оневозможуваат, предизвикувајќи ужасни загуби. Во овие случаи, непријателот има изгубено барем една бригада“, изјавил Зеленски во телефонски разговор со британскиот премиер Риши Сунак.

Големината на бригадите варира помеѓу 1.500 и 8.000 војници, додека Украина и Русија ги чуваат како тајност овие податоци. Руските воени блогери објавија дека руските сили успеале да освојат територија околу овој град, додека Украина ја оценува ситуацијата како многу тешка.

Како последица на руските ракетни напади, во изминатово деноноќие загинале најмалку двајца цивили во Херсонскиот регион, соопштија денеска украинските власти.

Инаку, лидерите на Европската Унија денеска ветија дека ќе продолжат со испораката на оружје и муниција за Украина. Во заедничката Декларација, ЕУ ѝ вети на Украина испорака на дополнителни генератори на електрична енергија и мобилни топлински станици.

Лидерите на ЕУ, исто така, ја поддржаа работата на законскиот предлог за тоа како да се користат приходите од управувањето со руските средства замрзнати во блокот за обнова на Украина.

Борел предложи да се мобилизираат вкупно 20 милијарди евра за воена помош од 2024 година до крајот на 2027 година, покрај 50 милијарди евра буџетска поддршка. Сепак, за да се доделат дополнителни средства од страна на ЕУ ќе треба да се добие согласност од Унгарија и Словачка, кои засега имаат резерви кон дополнителната помош што треба да се испрати на Украина.

Инаку, Европскиот совет ги обелодени плановите за замрзнатиот руски имот по воведените санкции од Русија, кој е во вредност од милијарди евра. Планот е ваквиот имот да биде насочен кон поддршка за Украина. Советот го објави збирот од формални јавни заклучоци на оваа тема, посочувајќи дека Русија со воената агресија предизвикала огромна штета на Украина, пишува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...