недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: кривичен законик | 84 резултати

Пендаровски го потпиша указот, се отвори вратата за застарување на голем број предмети за криминал и корупција

септември 7, 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска, и покрај големиот број реакции, сепак го потпишa Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Во соопштението на кабинетот се вели дека со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. „Напротив, казни и понатаму […]

Пендаровски да го искористи правото на вето, бара Платформата за борба против корупција

септември 7, 2023

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара од Претседателот на државата Стево Пендаровски да го искористи уставно загарантираното право на вето и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера ги усвои Собранието. Претставниците на граѓанските организации – членки на Платформата доставиле и официјално писмено барање […]

Експресно усвоени законските измени за пониски казни за корумпираните функционери

септември 7, 2023

Со 48 гласа „за“, 36 „против“, и еден воздржан, Собранието вчера доцна попладнето ги изгласа измените на Кривичниот законик, по скратена постапка, со европско знаменце, со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Вчера овие измени поминаа и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата, а кусо […]

Реакции за измените во Кривичниот законик: Тивка амнестија на осудените за криминал и корупција

септември 6, 2023

Многу обвиненија и истраги за висок коруптивен – финансиски криминал сторен на штета на државата ќе се соочат со застареност, со предложените измени во Кривичниот законик (КЗ), со кои се предвидува за неколку години да се намалат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и овластувања на функционери, службени и одговорни лица во […]

Владата предлага поблаги казни за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување

септември 6, 2023

Владата до Собранието го достави предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања. Предложените законски измени се доставени до парламентот за да се разгледуваат по скратена постапка, а Комисијата за европски прашања на денешната седница од 13 часот ќе го […]

МВР: Запленета дрога вредна половина милион евра, меѓу уапсените и наставничка од училиштето „Александар Македонски“

март 17, 2023

Министерството за внатрешни работи откри лабораторија за производство на амфетамин и заплени дрога вредна половина милион евра, соопштија денеска оттаму. Меѓу петмината кои се лишени од слобода, како што потврди портпаролот (МВР) Тони Ангеловски, е наставничка во основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. „Лишeни се од слобода пет лица, и тоа Д.Т.(25), Е.М.(35), Ж.П(46), […]

Измени во Кривичниот законик, за напаѓачите на новинари ќе следи затворска казна

февруари 14, 2023

По две години чекање, новинарите дочекаа нападите врз нив да се третират како напад врз службено лице, а со тоа и напаѓачите да добијат затворска казна. Измените на Кривичниот законик вчера беа усвоени од страна на пратениците во Собранието на РСМ. Претседателот Стево Пендаровски е следен на потег за да стави потпис на законските измени, […]

Мрежата за заштита од дискриминација бара инкриминација на сексуалното вознемирување онлајн

декември 3, 2022

Мрежата за заштита од дискриминација одржа промоција на документот за јавни политики со фокус на силување и сексуално вознемирување „Како до ефикасна заштита во случаите на сексуално насилство?“. Настанот се организираше во рамки на обележувањето на меѓународната кампања 16 дена активизам против родово-засновано насилство, информираат од Мрежата. Неговата цел беше да промовира предлог-решенија за ефикасна […]

Кривична пријава за насилник што натепал припаднник на ЛГБТ заедницата

ноември 30, 2022

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 33 годишен скопјанец кој се товари за кривично дело Насилство од Кривичниот законик. Како што појаснуваат во обвинителството, на 29 јуни обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице, а делото било сторено од омраза заради […]

Обид за убиство во Велешта за долг од 2.000 евра, ОЈО отвори истрага

ноември 28, 2022

Основното јавно обвинителство од Струга отвори истраг против едно лице за кривично дело – убиство во обид, информираат во обвинителството. Како што е наведено во соопштението, заради тоа што постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител предлага мерка притвор.​​ „На 23 ноември, во Велешта, осомничениот се […]

Измените на Кривичниот законик минаа во прво читање, новинарите чекаат на поголема заштита

ноември 22, 2022

Пратениците од Собранието на РСМ вчера со 85 гласа „ЗА“ и ниту еден воздржан и против ги усвоија во прво читање измените на Кривичниот законик. Меѓу другите членови, со измените е предвидена поголема заштита на новинарите и медиумските работници при евентуални напади, односно затворска казна од шест месеци до пет години за лицата кои ќе […]

Тупанчески потврди дека закони ќе се менуваат за да се подобри третманот на новинарите

мај 4, 2022

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска ги појасни вчера најавените измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се намалуваат казните за новинари и уредници за наведените дела, а рече и дека Кривичниот законик веќе се менува за да се одредуваат повисоки казни за насилство врз новинари или за убиство. Овие […]

До 500 евра казна за употреба и до 10 години затвор за продажба на петарди

декември 2, 2021

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека и годинава спроведува превентивна кампања насочена кон петардите и другите пиротехнички средства, пред и за време на новогодишните и божинните празници. Истовремено, полицијата исто така и казнува за употреба, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно членот 31, што предвидува глоба во износ од 200 […]

Кривична пријава за вработен како обезбедување во училиште во Кочани: Повредил ученик

октомври 8, 2021

ОВР Кочани ќе поднесе кривична пријава против О.Ц.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот кој е вработен како обезбедување во основно училиште во Кочани, на 06.10.2021 физички нападнал ученик во училиштето и му нанел повреди. Во врска со настанот […]

Порталб: Наскоро се очекува да бидат усвоени измените на Кривичниот законик за нападите врз новинари

јуни 1, 2021

Министерството за правда очекува наскоро да бидат одобрени законските измени на Кривичниот законик, кои се веќе доставени до Владата. Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за Порталб.мк изјави дека предлогот за законски измени, во кој е предложено нападот врз новинари да се третира како напад врз службено лице, е ставен во регистарот на регулативи […]

ОЈО Гостивар бара мерка притвор за мајката на детето кое вчера загина во пожар

март 17, 2021

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – повреда на семејни обврски, што е предвидено и казниво според член 203 став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавен обвинител до судија на претходна […]

ОЈО: Истрагата за „Јавна соба“ е во завршна фаза, за „Јавна соба 2“ се водат предистражни постапки во повеќе обвинителства

март 8, 2021

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ги комплетира и материјалните докази за кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик за кое е отворена истражна постапка против две лица во предметот за случајот „Јавна соба“. „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата […]

Вебинар на ЗНМ за системска заштита на медиумските работници/чки, претставникот на МВР не се појави

февруари 12, 2021

Само преку конкретни измени на Кривичниот законик и на Законот за кривична постапка преку давање на поголема надлежност на обвинителството и на МВР да постапуваат по службена должност и преку зголемување на казните кон напаѓачите, системски ќе се подобри безбедноста и политиката на неказнивост кон новинар(к)ите и медиумските работници/чки, беше заклучено на вчерашниот вебинар на […]

Владата и граѓанските здруженија заедно против родово и сексуално насилство, „Јавна соба“ ги забрзува законските измени

февруари 5, 2021

Покрај законската регулатива и превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе заради елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно е важна законската обврска за брзо и ефикасно постапување на Јавното обвинителстo и на судовите во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита. Обвинителството и […]

ЗНМ со анализа на меѓународните стандарди и домашната регулатива за заштита на новинарите во Кривичниот законик

декември 16, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) подготвија публикација со наслов „Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик-анализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива”. Целта на анализата е да им помогне на новинарите и медиумските работници, судиите, обвинителите, адвокатите и на Министерството за правда за имплементирање […]

Страна 3 од 4